Грчеви во мускули настапуваат ненадејно и со силна болка.

Опис на проблемот

Дехидрација, недостаток на минерали и прекумерна активност на мускули се најчеста причина за нивна појава.

Вклучете ги овие намирници почесто во исхраната, играат клучна улога во работа на мускулите и врз севкупното здравје.

Банани против грчеви во мускули

Богати се со Калиум, минерал кој има клучна улога во контракција на мускули. Помага во регулација на рамнотежа на течности во и надвор од клетките.

Недостаток на Калиум може да предизвика слабост на мускули и појава на грчеви.

Цитрусно овошје

Портокали и друго цитрусно овошје се богати со витамин Ц, кој е многу важен за имуносистемот, но исто така и за одржување на здрави мускули. Игра улога во создавање на Колаген – протеин кој подржува структура на мускули. Цитрусно овошје содржи и Калиум, кој додатно помага работа на мускули и спречува грчеви.

Зелен лиснат зеленчук

Содржи Магнезиум, Го има во Спанаќ и во Кељ. Овој минерал е клучен за работа на мускули и на нерви. Недостаток на Магнезиум може да предизвика грчеви. Користете почесто зелен лиснат зеленчук во исхраната!

Батат против грчеви во мускули

Батат е богат со хранливи материи – сложени јаглени хидрати, влакна, важни витамини и минерали, вклучувајќи и Калиум. Јаглени хидрати се важен извор на енергија за мускулите. Калиумот помага регулација на ниво на течности во клетките и намалува можност за појава на грчеви.

Орашести плодови и семки

Бадеми и семки од тиква се богати со Магнезиум, важен минерал за правилна контракција и опуштање на мускули.

Грчки јогурт против грчеви во мускули

Богат е со Калциум и Калиум. Калциум е важен за мускулни контракции – недостаток може да предизвика грчеви.

Лосос, Скуша и други мрсни риби

Богати се со Омега-3 масни киселини, кои имаат анти-воспалителни својства. Грчеви во мускули можат да се појават и како резултат на воспаленија, затоа храна богата со Омега-3 масни киселини ќе намали ризик од појава на грчеви. Лосос е богат со витамин Д, кој е важен за севкупното здравје на мускулите!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови