Некои лекови за депресија носат лоши нус-појави, на пр. тешко дишење, крварење во желудник, дури и самоубиствени мисли. 

Од болеста многу повеќе патат жените; причините лежат најчесто во неприродниот и забрзан начин на живот. Болеста битно го попречува нормалниот живот на луѓето и може да стане озбилно заболување со кое поединецот тешко се справува.

Ќе зборуваме за самопомош, превенција и справување со депресија, под строг лекарски надзор!!   

Едно од билните помошни средства кои се користат против депресија е куркума – содржи куркумин, кој е многу ефикасен.

КУРКУМА; Kurkuma
КУРКУМА

Исхрана кај депресија

Постои директна врска меѓу расположението и шеќерот во крвта. Нагли промени многу влијаат во промена на расположението. Со стабилизирање на шеќерот се подобрува и менталната состојба. Значи, потребно е да се конзумира храна со помал гликемиски индекс и богата со минерали.

Хром

Стабилизира инсулин и особено е корисен кај т.н. Апатична депресија.

Се смета дека интолеранција на некои намирници исто така носи висок ризик од депресија, на пр. Целијаклија. Лошо расположение носат и шеќер, рафинирани јаглени хидрати, алкохол…

Добри намирници се: кокосово масло, семки од лен, храна која има Омега-3 масни киселини, вишни и др. Храна богата со витамини од Б групата е исклучително важна. Нивен недостаток зголемува ниво на штетната амино-киселина Хомоцистеин – која често е присутна кај заболените од депресија.

Зелен чај

Содржи корисни состојки Л-теанин и кофеин; внесени заедно зголемуваат ниво на неуротрансмитер Допамин, ве ослободува од стрес и подобрува концентрација.

Две чаши зелен чај на ден е добра помош кај постарите особи против тага и депресија.   

Кофеин и депресија

Дополнително ја влошува состојбата. Предизвикува несоница, иритирање на желудец и тремор на мускули, дури и агресивно расположение.

Камилица

Опушта и овозможува подобар сон; најдобро е да се пие чај од камилица со млеко и мед! Испитувањата утврдиле дека екстракт од камилица со 1,2% Апигенин многу помага против клиничка депресија и анксиозност.

Магнезиум

Го има во црно чоколадо, бадеми, индиски орев, црн грав, банани, спанаќ. Помага против тескобност, апатија, депресија, главоболки, раздразливост и немир.

Семки од тиква

Содржат магнезиум и здрави маснотии, како и Л-триптофан кој учествува во производство на Серотонин. Подобруваат состојба при сезонски промени на расположение.

Семки од тиква кај Депресија; Semki od tikva kaj Depresija
СЕМКИ ОД ТИКВА

Кантарион и депресија

Клинички е докажано неговото позитивно дејство против благи и средни депресии. Намалува чувство на исцрпеност, замор, безволност, делува против страв и лош сон. Најчесто се користат чај, тинктура или екстракт од кантарион.

Вежбање

Физичка активност е идеална за подобрување на расположение – 30 минутна прошетка потикнува ослободување на соединенија во мозокот неопходни за добро расположение.  

Акупунктура

Помага како против болки, така и против депресија и тескобност.

Акупунктура
АКУПУНКТУРА

Лимонада од куркума против депресија

Рецепт: 1 чаша ладна вода, 1 кафено лажиче свежо рендана куркума (или во прав), 1 лимон, 1 супена лажица 100% јаворов сируп, мед и сок од 1 портокал. Мешаме во поголема чаша и ставаме внатре резанци од лимон. Куркума има природни антивоспалителни, антиоксидативни и антивирусни својства. Силно го подобрува имунитетот.

Се користи во многу рецепти за детокс – апсорбира хранливи материи и намалува калории.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови