Димарка, на латински Fumaria officinalis, а на англиски Common fumitory
Опис и распространетост
Едногодишна билка, со нежно сино-зелено разгрането стебло, високо околу 25 см. Расте по запуштени необработени места, до 1000 м надморска висина.
Лисјата се долгнавести, со слична форма на магдонос.
Цветовите се пурпурно црвено-сини, сместени во збиени гроздови на врвот на стебленцата, со 4 латици.
Плодот е мал, со орешеста форма, на врвот малку сплескан.
Семето во формација долго време е клијаво.
Се збира надземниот дел од билката во цвет. Цвета од Април до Јуни. Се суши во тенок слој, во сенка.
Состав и својства на Димарка
Содржи околу 1% алкалоиди (Фумарилин, Протопин…), флавоноиди, фумаринска киселина, слуз, холин и др.
Димарката има диуретичко дејство, исто така е и лаксатив и холагог. Се препорачува за хронични егземи, па и против псоријаза.
Димарка: Здравствена намена
Во народната медицина се користи за лечење на жолтица, скрофулоза, хемороиди, осип на кожа и бубулици и како стимулатор за потење. Инхалирање со одвар од димарка има позитивно дејство на срце, стимулира дишење и отклонува спазам (грч) на мазната мускулатура.
Алкохолна тинктура, како и 20%-ен декокт, имаат умерено хипотензивно дејство (намалуваат крвен притисок).
Се користи за колики во жолчка, хроничен запек. Подобрува апетит, нормализира работа на желудечно-цревниот систем, особено при намалена желудечна киселина, кога се јавуваат грчеви, запек и гасови.
Доколку се користи само 6-7 дена, подобрува крвна слика, но не смее да се користи подолго од 7 дена!
Чај од Димарка
Рецпет за чај
1 супена лажица иситнета сува билка се попарува со 150 мл зовриена вода, така стои поклопено 10-15 мин., потоа се процедува. Се пие најмногу 7 дена, по 1 чаша чај пред главните оброци.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови