Диуретици – за исфрлање вишок вода од тело: гомилање на вода во тело предизвикува отоци и подуеност.
Оток (Едем) на раце, нозе, стапала, лице, на стомак, чувство на тежина во удовите – се дел од тегобите кои настануваат од збирање на вода во организмот.
На ризик се најмногу изложени: дијабетичари, особи со заболен црн дроб, бубрези, крвни садови, почесто имаат проблем со гомилање и отежнато исфрлање на течност од телото. Ваква состојба може да предизвикааат и хронични болести на бели дробови и артритис.
Жените со непријатна подуеност се соочуваат за време на ПМС, во бременост, во менопауза и при циклус. Ако подуеноста потрае подолго, мора да се оди на лекар!!
Лоша исхрана исто предизвикува подуеност – индустриска храна, сол, шеќер, масти…преоптоваруваат црн дроб и бубрези. Седечки животен стил на модерниот човек е додатен причинител!
Диуретици – храна која предизвикува задржување вода
50 гр внесена сол врзува 6,5 л. вода, значи тоа се 4,5 л. вишок вода! И да не посолуваме храна, сепак, индустриската храна содржи многу сол – конзервирана туна, сардина, месни нарезоци, паштети, виршли, салами, шунка, сланина, кечап, сок од домат, готови јадења и разни грицкалици, сирења…се рудник на сол и тивки убијци на срце, крвни садови и на здравјето воопшто.
Совети за исхрана
Прв чекор е да се воспостави рамнотежа помеѓу Калиум и Натриум – за динамичка рамнотежа на вода во сите делови на телото!
Натриум задржува вода, Калиум-от го запира тој процес.
Намален внес на сол и конзумирање намирници кои содржат Калиум (компир со лушпа, домат, банана, диња, сок од портокал, семки од сончоглед…) спречува и го решава овој проблем.
За превенција и лечење едем – природни диуретици
сок од Брусница, лубеница, краставици, ротквици, домат, јаболков оцет, семки од Анис, Шпаргла, зелена салата, овес, просо, кокосово млеко…
Билни диуретици
Магдонос
Помага при лечење на многу болести, содржи многу витамини и минерали. Забрзува циркулација, потпомага исфрлање вода и штетни материи од организмот, па е погоден и за детоксикација! Се додава на јадења на крај на готвење, во салати или како:
Чај – 1,5 кафена лажица сув лист Магдонос стои 5-10 мин. во 2,5 дл врела вода, се процедува. Се пијат 2-3 шољи на ден. Не е за трудници поради можни контракции!
Ува
Познат диуретик, со уште појако дејство ако се комбинира со билки со слично дејство! Добар е уроантисептик на мочните органи, за акутни и хронични воспаленија на мочниот меур, исто и за бубрежни заболувања.
Чај: 3-4 гр Ува во 2,5 дл врела вода, по 12-15 мин се процедува. Се пијат 3 вакви чаши меѓу оброците.
Зајчев трн (Оnonis spinoza)
Eфикасно средство за лечење на урогенитален тракт! Потикнува излачување на урина, спречува создавање на песок и камен во бубрези и во мочен меур; елиминира вода од стомачна празнина, затоа помага и против гихт и хроничен реуматизам!
Чај од корен: 2 кафени лажици корен стои 30 мин. во 2,5 дл врела вода, процедуваме. Се пијат по 2-3 топли незасладени чаеви меѓу оброците.
Глуварче
Моќен диуретик, и природно средство за прочистување на крв. Синтетичките диуретици го излачуваат и драгоцениот Калиум – Глуварчето го чува, а самата билка содржи многу Калиум!
Чај: 1 кафена лажица ситно сецкани листови, стои 12-15 мин. во 2 дл врела вода, процедуваме 2-3 чаши на ден, 30 мин. пред оброк.
Сируп од Миродија
Против дуење на стомак – зачинска билка, исфрла гасови од црева, диуретик е и се препорачува во лечење на бубрежни болести.
Сируп: 1/1 Миродија, Магдонос, Целер, Веприна и Шпаргла; во 2 дл чај се става 400 гр. мед. Се чува во фрижидер, по 80 гр на ден.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови