Добричица или на латински Glechoma hederacea е повеќегодишна билка ползавица, расте по ливади и на влажни терени.

Опис

Едниот дел на стебликата е полегнат на земја, другиот е исправен. Расте до 35 см. Листовите се тркалезни, со назабени страни. Цвета од Април до Јули, има виолетови цветови. Свежо згмечена Добричица има сличен мирис на Нане. Содржи Танин, етерични масла, горчливи материи, калиум, калциум, смола, восок, органски киселини, витамин Ц.

Собирање, припрема и чување

Во период кога цвета, се собира целата билка или пак само лисјата или цветовите. Се раширува во тенок слој и се суши во сенка на место со умерен провев. Сува билка се чува на суво и затворено место, на пр. во картонски кутии или во стаклени тегли. Така трае до 12 месеци.

Примена и користи од Добричица

Мора да се користи под контрола на лекар!

Предозирањето може да предизвика потење, аритмија на срце, хипертензија, едем на бели дробови.

Доилки и трудници не смеат да ја користат, ниту особи со заболени бубрези, хипертензија, заболен црн дроб, со зголемена желудечна киселина и воопшто особи кои се на неа преосетливи.

Билката се користи при проблеми со дишните патишта, туберкулоза, крварење од белите дробови. Се користи за лечење на бронхитис, астма, разни воспаленија на дишните органи, гихт, болести на бубрезите, подобрува апетит и варење, за лечење на чиреви, рани и изгореници. Има антибактериски и антивоспалителни својства. Помага против болки од гихт и реума.

Гихт и Добричица. Giht i dobrichica
ГИХТ И ДОБРИЧИЦА

Сок од свежа билка: се цеди во соковник од свежа билка; лечи воспаленија на нос, грклан и душник, крварење од нос, зачепен нос. Сокот освежува и подобрува имунитет. Се пие 1 дл сок на ден. На деца се даваат 2-3 кафени лажичиња сок со малку мед или со млеко. Против неуралгии, главоболки и вртоглавица се укапуваат 2-3 капки во ноздрите.

Вртоглавица. Vrtoglavica
ВРТОГЛАВИЦА

Лековити билни рецепти со Добричица

Чај за Бронхитис

Во 1 л. зовриена вода ставаме 20 гр лист Добричица. По 15 минути уматуваме две супени лажици мед и оставаме да одстои 30 минути, потоа процедуваме. Помага против бронхитис, поттикнува органи на работа, а помага во запирање на крварење од бели дробови. 

Чај од суви лисја

Овој чај ги одстранува сите видови слуз во организмот; се користи при болести на белите дробови, слуз во бубрези, за одстранување каменец и песок во бубрези, болести на желудец, главоболки предизвикани од заболен желудец. Се пие на гладно 1 дл, потоа на секој саат по 1 супена лажица.

Против жолтица

Чајот се прави со додаток на 3 гр Пелин.
Постапка: 12 гр суви лисја прелеваме со 250 мл зовриена вода. Додаваме 2 супени лажици мед и вариме уште 5-10  минути. Подобро е суви лисја да се потопат преку ноќ, а потоа да се варат уште 5 минути.

Добричица во јаболков оцет 

Билката се потопува во јаболков оцет и се проварува 1-2 минути. Одлична облога против болки во крсниот дел и реума. 

За потопување и релаксација на стапала:
Купка од 4 супени лажици Добричица прелеваме со 1 л. зовриена вода и вариме уште 10-15 минути. Потоа се процедува.

Релаксација на стапала. Relaksacija na stapala
РЕЛАКСАЦИЈА НА СТАПАЛА

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови