Секоја лоша емоција во човековиот организам може да предизвика разни пореметувања на органите и да биде причина за развој на некоја болест. Помеѓу емоциите и органите постои тесна поврзаност. Сопствените емоции треба поозбилно да се сфатат и колку е повеќе можно сами на себе да си помогнеме. 

Секоја емоциja т.е емоционалнa состојбa има влијаније врз здравјето. Во продолжение некои примери:        

ТЕСКОБНОСТ

Последица е на претерана загриженост од одредени причини. Најголемо влијание има на цревата и на белите дробови. Тескобата одзема од човекот голема енергија, може да предизвика недостаток на здив, воспалителни процеси на црева и чир. 

Емоција РАДОСТ

Преголемото задоволство создава чувства кои влијаат на срцето. Може да предизвика голема возбуда и така да предизвика несоница, вознемиреност, силно срцебиење и др.  Колку и да е причината за радост убава, сепак треба да се контролира.  

ТАГА

Многу влијае на психолошкото здравје и општо на здравјето. Тагата предизвикува солзење на очите, но негативно влијае на работа на белите дробови и на циркулацијата. Респираторните и белодробните заболувања често се предизвикани токму од тага.

Тагата може да доведе и до депресија!

Емоција СТРАВ

Секој од нас почувствувал страв. Може да ја поремети работата на бубрезите, при што при голем страв може неконтролирано да се испушти урина. Екстремно голем страв може да предизвика шок на бубрезите, се грчат накратко, доаѓа до застој во чистењето и филтрирањето на крвта; се пореметува циркулацијата и често при состојба на зголемен страв рацете и нозете може да се ладни.    

ГНЕВ

Навреди, критики, забелешки, лутење, нервоза – се од наведеното предизвикува гнев кај човекот. Може да предизвика проблеми на жолчниот меур и црниот дроб, да влијае на разни биолошки процеси кои може да предизвикаат силна главоболка, недостаток на енергија, вртоглавица, хипертензија и др.

ШОК

Чувство со силно негативно влијание на организмот. При ненадејни случки, се јавува шок и паника, а тоа влијае на срцето и бубрезите, особено ако шокот е силен и ако потрае.   

АМБИЦИЈА

Често  е блиска со алчноста. Премногу амбициозни  луѓе често имаат срцеви заболувања и проблеми со тенкото црево. Амбицијата станува опсесија – може да доведе до аритмија и неправилна работа на срцето,  хипергликемија… Треба да се најде баланс меѓу желбата за поголемо богатство и степенот на уживање во стекнатото, телото да се опушти и да функционира на поздрав начин.  

Slika: Maška osoba vo sredni godini koja projavila ogromni ambicii. Dodeka odi na rabota, skoka od radost. Слика: Машка особа во средни години, која пројавила огромни амбиции. Додека оди на работа, скока од радост.
ПРЕАМБИЦИОЗНОСТ – ДА ЛИ Е ЗДРАВА?

НЕРВОЗА

Секојдневно ја среќаваме, тешко се избегнува. Оние луѓе кои се почесто нервозни и бесни почесто имаат проблеми со црниот дроб, но и со белите дробови и бубрезите.

ЗАГРИЖЕНОСТ

Директно влијае на варењето на храната, на слезината, желудникот и панкреасот. Во потежок случај може да предизвика и грчеви.  Храната во цревата доаѓа полусварена, што е добра подлога за дејство на патогени организми и нивни отпадоци, кои директно го трујат човековиот организам.  

Како да се справиме со лошата емоција?

Најважно е да се избегнуваат настани и луѓе кои создаваат тензија или шират лоша енергија и да се применува физичка активност. Особата која е под стрес или душевна болка треба да се довери на близок роднина или пријател со кого би поразговарала за своите проблеми, а во полош случај и да се посети психолог или психијатар.

Slika: Ženska osoba vo sredni godini trpi psihičko nasilstvo dodeka tri prijatelki i delat soveti. Emocija. Слика: Жена во средни години, трпи психичко насилство додека три пријателки и делат совети. Емоција
ПРИЈАТЕЛСКИ СОВЕТИ

Емоција и ЈОГА

Содржи одлични вежби за дишење и опуштање. Да и се прости на особата која не довела до таква состојба помага многу. Со таа особа веќе не доживуваме блискост, не гледаме пријател во неа, а свесно ја избегнуваме и за дружење; едноставно си помагаме себеси да се ослободиме од негативните чувства. 

Емоција и Физичка активност

Помага многу за создавање позитивни чувства;  трчање или брзо одење, возење точак, пливање.  Врската ментално/физичко здравје е нераскинлива.

Шетање на чист воздух

Одлично помага. Смирува нерви, опушта мускули, создава пријатни чувства, помага за одржување на витка линија и др.

Помага и рекреативен риболов!

СУПЛЕМЕНТИ 

Б, Ц и Е витамин, магнезиум, фолна киселина, мед и разни пчелни производи.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови