Желади – богати се со минерали кои зајакнувааат имунитет, подигаат енергија и штитат срце. Зајакнуваат крв и се препорачуваат за лечење на слабокрвност.

Опис

До не така одамна желадот беше речиси редовна животна намирница. Од брашното кое се добивало со мелење на желад се месел леб, се правеле каши, се мешал со мед…

Што кажува народната медицина?

Се користи против рахитис, костобол, отежнато варење, мрзливи црева, хемороиди, болести на штитна жлезда и др.

Желади во секојдневна употреба

Брашно од желади често има во продавници за здрава храна. Има и кафе од Желад, окрепнува, поправа расположение, регулира работа на штитна жлезда и менструален циклус.

Се додава во тесто за палачинки, пецива, колачи, во чорби и варива. Се користи и печен како на пр. од питом костен, како пире. Сварливоста е добра.

Желад од Даб

Се користи за исхрана на стока, особено на свињи. Се става 5-10% во смесата за нивна исхрана.

Желад од Даб има многу активни материи, особено железо, бакар, фосфор и калиум. Лековити се и лист и корка од Даб.

  • Лист од Даб

Се користи за лечење забоболка; сварен во еднакви делови со вода и оцет се става облога против болки и отоци. Се прави и чај од лисја. Порано се давал на заболени од туберкулоза, срцево болни и рековалесценти од потешки болести. Подготвен со мед и вино зајакнува срце, запира крварење од желудник, црева, бели дробови и месото околу забите (Гингива). Помага и против воспаление на мочен меур и грозница.

  • Корка од Даб

Богата е со Танини, со органски киселини, стероиди, катехини, пантотенска киселина, витамини Ц, ПП и Б-група, има и силни анти-септички својства. Се прават одлични купки против ревматски заболувања. Се користела и како противотров при труења со алкалоиди и тешки метали.

Рецепт за леб од Желади

Во еден сад мешаме:
1 чаша брашно од Желад, 1 чаша пченично брашно, 1 лажица сомелени семки од Коприва, 1 лажица семки од Лен, 1 ќесичка прашок за пециво, 1 лажиче сол и 1 лажиче шеќер;

Во друг сад матиме:
1 јајце, 2 лажици масло и 300 мл млеко. Двете смеси се соединувааат и добро се умесува. Мачкаме тепсија со 1 лажица масло и го ставаме тестото, загреваме на 200 степени и печеме околу 35 минути.

Чорба од Желади

Состојки:
2 чаши иситнет Желад, 1 излупен и исецкан Морков, 2 стеблинки исецкан Целер, 1 исецкан кромид, 3 лажици путер, 300 гр сув Вргањ, 1 лист Ловор, 100 мл бело вино, 1 л супа од зеленчук, сол и бибер по вкус. 

Подготовка:
Во 2 чаши жешка вода ги ставаме Вргањите и ги оставаме да одстојат 1 саат. Потоа добро се исцедуваат и се сецкаат. Сочувајте ја водата. Путерот се загрева и на него се динста морков, кромид и целер околу 5 минути. Се додава Вргањ и Желад и се динста уште 3 минути.

Сипете го виното и варете додека не испари речиси сета течност. Ставете лист Ловор, водата во која беше Вргањот и бујон од зеленчук. Посолете, поклопете и варете околу 1 саат. Чорбата се микса со стап-миксер; ставете бибер. Послужете со исечкан Магдонос и малку павлака.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови