Жолт Нарцис или на латински Narcissus pseudonarcissus. Делумно е интересен за пчеларите, дава некој минимален внес на нектар и полен.
Што е поинтересно, билката е лековита!
Да се запознаеме со неа!
Опис, својства, состав на Жолт Нарцис
Нарцис е отровна билка!
Луковицата од Нарцисот не смее ни во која форма да се конзумира! Предизвикува грчеви, пролив, повраќање, како и мускулна слабост, главоболки, за матен вид и срцеви тегоби.
По дефиниција, Нарцис е украсна повеќегодишна билка! Цвета од крај на зима, до почеток на пролет.
Каде год да ја има, создава убава глетка. Често се користи за украсување на јавни површини и приватни дворови. Цветовите содржат етерично масло. Во надземниот дел се откриени Фенантеренски алкалоид Нарцисин, Инулин, Танини, горчливи супстанци.
Во лисјата има Сцилин, восок, масло, Кверцетин, Каротиноиди. Луковицата има Нарциклазин.
Се размножува со делба на луковици.
Здравствена корисност на Жолт Нарцис
Билката сеуште е предмет на изучувања. Има најави дека би можела да се користи во лечење на канцерогени заболувања.
Некои видови Нарцис содржат алкалоид Хемантамин кој блокира создавање на протеин кој поттинува развој на канцерогени клетки.
Можеби оттука е и обичајот со цвет на Нарцис секоја година да се одбележува борба против рак на дојка! На тој ден се продаваат Нарциси и приходите се донираат за набавка на опрема за рано откривање на рак на дојка.
Во народната медицина се користи против тегоби на дишни патишта, на пр. Астма, голема и мала кашлица, катар на бели дробови.
Природни рецепти – за надворешна употреба
За Маститис и чиреви
Помешајте 1 лажица ориз и 1 ситно исечкана луковица (еднакви делови). Се става како облога, се менува 2-3 пати на ден.
Кај Хемороиди кои не крварат
Нарендајте 1 луковица и ставете ја во 5 пати повеќе маслиново масло. Оставете да одстои 2 дена, потоа се користи за мачкање на хемороиди, пред спиење.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови