Има 3 вида зависности: психичка, физичка и состојба на развој на толеранција (зависникот полека но сигурно оди кон повисоки дози, за да постигне ист ефект).

Зависност значи силна поврзаност со психоактивна супстанца и неодолива потреба за неа.

Зависности: Алкохолизам

Алкохолот оди директно во крвоток и по само 10 мин. доспева во мозокот, на кој делува психоактивно. Го пореметува центарот за интелект и морал, го пореметува метаболизмот на шеќери, протеини и масти.

Предизвикува кардиоваскуларни проблеми – го оштетува срцевиот мускул, предизвикува мозочен удар, оштетува бубрези, кожа, ретина на очи, црн дроб.

Алкохолот ја пореметува репродуктивната функција. Кај жените доведува до изостанок на овулација, фригидност. Кај мажите доведува до атрофија на тестиси, импотенција, губење на сексуален нагон.

Алкохолот предизвикува раздразливост, пад на интелегенција и концентрација, ја намалува моќта на паметење.

Црн Дроб и алкохол

За подобрување на работата на црниот дроб се препорачува консумирање сирова храна, сокови од овошје и зеленчук, пиење вода. Забрането е пиење алкохол, намирници од животинско потекло, бели брашна и шеќери. 

Замастен Црн Дроб

Замастен црн дроб се лечи со диета. При тоа помага сок од Алое, варени суви сливи и екстракт во бело вино со црвен кромид, мед и пелин. Се препорачува да се пијат чаеви од Невен, Бреза, Мајчина душица, Пелин, Магдонос, Водопија. 

Цироза на Црн Дроб

За подобрување на состојбата при Цироза на црниот дроб се препорачува да се користи чај од Рузмарин и корен од Чичока. Исто така може многу да помогне и консумирање на смеса од морков, мед и млеч.

Борба против Алкохолизам

За борба против алкохолизам се препорачува да се пијат чаеви од Мајчина Душица, Валеријана и Маточина. Бргу отрезнува ако се земат 4 супени лажици мед, исто и расолница.

Бонус рецепти против зависности:

Против пушачка кашлица и бронхит

Се препорачува да се користи смеса од мед, семе од Лен и Анасон, Цимет, црн Синап и Прополис.

За исфрлање секрет од дишни патишта

Олично помага запржен ситно сечкан црвен кромид со прополис.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови