Ива трева или на лат. Teucrium montanum е многу лековита билка.
Опис, својства и состав
Расте во предели до 800 м надморска висина, главно на јужните страни. Кај нас е позната и како Дупчец. Грмушката е ниска, со бледожолти цветови на врвот на гранчињата. Лисјата се без петелки, на опачината со влакненца, зелени и сиво беличести.
Примена на Ива Трева
Има многу горчлив вкус – во народната медицина се употребува главно за лечење на органи за варење и дишење, дури и против туберкулоза на бели дробови. Билката содржи горчливи материи, танин, метанол, петролејски етер, етилен ацетат и др. Горчливите материи помагаат против многу тегоби на желудник и олеснуваат подуеност.
Поради ваков состав, дури и лекарите ја препорачуваат за зајакнување на имунитет, за луѓе изложени на стрес и со депресија!
Антисептичките својства на билката помагаат во елиминација на патогени микроорганизми, одстрануваат штетни материи во цревата и желудникот. Помага против болести на уста и грло, разни инфекции, габички и афти.
Природни рецепти со Ива трева
Чај од Ива трева
Лечи грчеви и чисти крв, се користи кај сите видови грозница и при шеќерна болест. Анализите покажале дека нивото на антиоксиданси во чај од Ива трева е ист со оној во Гинко и во зелениот чај!
Рецепт за чај:
1 кафено лажиче билка се прелева со 2 дл зовриена вода, се поклопува и по 15 мин. се процедува. Се пие по 1 чај наутро и навечер, пред јадење.
Тинктура
Помага против хемороиди, болести на црниот дроб и жолчка (потикнува создавање и проток на жолчна киселина).
Купка
Растворен одвар од Ива трева делува благотворно на кожата, особено против рани и промени на кожата. Од неа се прави и балзам против ревматизам!
Берба на Ива трева
Бербата трае од Мај до крај Август, тоа е период кога цвета. Површните цветни гранчиња се сечат со ножици и се сушат побргу на промајно место, да се сочува бојата и мирисот.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови