Инфективна мононуклеоза, позната и како „болест на бакнувањето“ е заразно вирусно заболување. Најчест причинител е Епштајн-Бар вирус (90%), а за останатите 10% е цитомегаловирус. Се пренесува каплично – од прибор за јадење или од НЕ-хигиена, од нечисти раце.

Слика: Капличен пренос на инфективна мононуклеоза. Kaplicen prenos na infektivna mononukleoza.
КАПЛИЧЕН ПРЕНОС

Инфективна мононуклеоза – симптоми

Зголемена телесна температура, отечени лимфни јазли, воспалено грло, отежнато голтање, слаб апетит. Најчесто поминува сама од себе, а најспоро поминува отокот на лимфните јазли, по околу 3 недели. Во екстремни случаеви може да предизвика потешки оштетувања на црн дроб и слезина.

За Мононуклеоза, најдобар лек е одмор и конзумирање течности и чаеви за зајакнување на организмот!!
Лек во аптеки нема, а отечените лимфни јазли се мачкаат со масло  од Кантарион!  

Терапија за мононуклеоза

Терапијата за ова заболување е симптоматска – се лечат симптомите и последиците!

Исхрана

Астрагалус –  многу корисна билка, коренот има многу активни супстанци, кои одлично помагаат против разни инфекции, и како помошна терапија против канцер!  
Се прават тинктури, мацерати и чаеви!      

Slika: Astralagus; Слика: Астралагус (Infektivna mononukleoza. Инфективна мононуклеоза)
АСТРАЛАГУС

Коприва –  има слично дејство, нешкодлива е, а погодна е за сите! Билки со антивирусно дејство, во содејство со билки кои го зајакнуваат имунитетот се вистинско решение!! 
Грчка детелина, Ехинацеа, Дивизма, Шипак. комбинација на Прополис, витaмин Ц и билки кои содржат Прунелин – одлично помагаат против вируси!!!       

Слика: Дивизма; Slika: Divizma (Infektivna mononukleoza. Инфективна мононуклеоза)
ДИВИЗМА

Ако вирусната инфекција го оштети црниот дроб, може да се регенерира со секојдневно конзумирање Цвекло, Боровинки, Брусница, Артичока!
Одлично помагаат и: Глуварче, Сладиче, бел Слез, Чичока, Линцура!  

Чаеви

Слика: Црн чај; Slika: Crn čaj. (Infektivna mononukleoza. Инфективна мононуклеоза)
ЦРН ЧАЈ

Чај од корен од Сладиче и Бозел исто има антивирусно дејство! Овес и Јачмен исто содржат антиоксиданси и антимокробни супстанци, а каша од нив и црн чај се одлична превентива!!

*Доколку 2 недели, 2 пати дневно се пие Црн чај, телото само почнува да лачи поголемо количество протеин Интерферон, природен антибиотик кој делува и антивирусно, за разлика  од синтетските антибиотици кои немаат антивирусно дејство!!  

Рецепт за подигање на организмот кај инфективна мононуклеоза:

Со миксер соединуваме: 1 кг мед и 1 кг Матичњак, се остава во шпајз; се зема по 1 супена лажица пред главните оброци.
Да се избегнува алкохол, зачинета храна и месо!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови