Иѓирот или на латински Acorus calamus.

Опис, својства и состав

Иѓирот е повеќегодишна самоникната билка од семејството Acoraceae. Има подземно разгрането стебло, кое од долната страна е густо обраснато со корења. Од горната страна избиваат тенки остри лисја, нараснуваат и до 1 м. Најчесто расте на влажни почви покрај реки и потоци и во мочвари. Цветовите се збиени во форма на клип, долги до 8 см, со жолто-зелена боја.

Лековитост на Иѓирот

Лековит е ризомот!

Се збира на крај на лето и почетон на есен. Се користи сув ризом. Богат е со скроб, слуз и танини, со гликозид Акорин, со алкалоид Каламин, со горко соединение Акорон, со сапонини и етерично масло. Вкусот на ризомот е горчливо ароматичен. Се користи и за производство на пиво и силни алкохолни пијалоци (има дава посебна арома).

Здравствена корисност од Иѓирот

  • Заболувања на органи за варење: подуеност, гастритис, горушица, болки и грчеви во желудник, катар на желудник и појава на вриење, тромост на желудечна мускулатура и слаб апетит.
  • Стимулира измокрување и ослободување од гасови, нормализира лачење на жолчна течност, против анемија, влијае на метаболизам и циркулација.
  • Поттикнува потење и добар е против зголемена телесна температура.
  • Седечки купки од одвар од ризом делотворно поттикнува менструација.
  • На мажите за подобрување на либидо помага екстракт од ризом и јаболков оцет.
  • Купки со ризом од Иѓирот помагаат против измрзнатини и лоша циркулација во раце и нозе, опушта нервен систем и олеснува заспивање.

Рецепт за желудник и црева со Иѓирот

Во 250 мл ладна вода оставете преку ноќ 1 лажиче сув корен. Наутро се процедува и се загрева малку и се пие. Најдобро е пред и после оброк, по неколку голтки, доколку се лечат болести на желудник и на црева.

Рецепт за Гастритис и чир на желудник

  • Сомелете корен Иѓирот и сладок корен и конзумирајте по 1 кафено лажиче 3 пати на ден со чај од Камилица.
  • Помешајте по 50 гр Иѓирот, ленено семе, сладок корен и тегавец. 1 лажиче смеса попарете со 1,5 дл зовриена вода. По 30 мин. процедете. Се пие 3 пати на ден, пред јадење.

Рецепт за Бронхитис и Астма со Иѓирот

Помешајте по 100 гр Иѓирот, Добричица, Подбел и Анис. 5 лажици смеса попарете со 7 дл зовриена вода. По 30 мин. процедете. Се пие во голтки во 1 ден.

Примена на чај од ризом на Иѓирот не се препорачува кај деца, при бременост и доење!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови