Кактус, “Ноќна кралица” или на латински Selenicerus grandifloras (Цереус).

Вовед

Култивиран и редок вид кактус, со преубави бело-жолтеникави цветови; цвета еднаш годишно, билките кои се постари од 2 години!

Цвета ноќе! Цветовите имаат мирис на ванила.

Карактеристики на Кактус

Цереус цвета ноќе, најчесто од 19-21 ч, а врвот го достигнува околу полноќ! Цвета касно на пролет или во Јули-Август!

Услови за Одржување

Во период на цветање, билката се штити од инсекти со мешавина на сапун и вода. Кактусот бара целосна до делумна сончева светлина. Преживува на температура од 8-41°C. Ноќните цветни кактуси растат големи (ползат!), за одгледување бараат простор и многу индиректна светлина, за одгој во затворен простор.

Совети за Садење на Кактус

На отворено во голем длабок сад (барем 30 см) со дебел долг колец (стап од бамбус) за да ја издржи тежината на ползестото змијолико стебло! Се остава на засенчено место! Често пресадување не е добро.

Одржување и Грижа

Во ладниот период од годината се остава во ладна просторија (околу 15°C). Земјата треба да е песоклива, измешана со компост! Се полева умерено, но земјата не смее да биде целосно сува. Два пати неделно во лето, а во зима на 15-20 дена! Премногу вода предизвикува гниење на коренот. Од март до септември може да се додава некое органско ѓубриво!

Размножување и Лековитост на Кактус

Плод се развива до големина на домат и може да се јаде! Се размножува со израстоци/исечоци од стеблото или со сеење на семе. Исечок се остава да се просуши, потоа се засадува.

Лековитото дејство му е значајно против симптоми на конгестивна срцева слабост, како тоник за срце и за регулирање на крвен притисок.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани.