Камфор или на латински Cinnamomum camphora се користи за масажа и за облоги против отоци и воспаленија, помага против болни промени во мускули и зглобови, како и кај неуралгии и ревматски болки!!!

Опис

Камфор е природна материја која порано се користела како лек и зачин, во ритуални обреди и за балсамирање. Камфор се добива од Камфорово дрво постаро од 50 години. Но, се добива и на синтетски начин од терпентинско масло. Природниот Камфор се користи како освежувач на воздух и како етерично масло.

Камфорово дрво; Cinnamomum camphora
КАМФОРОВО ДРВО

Лековити својства

Делува како благ анестетик и содржи антимокробни материи. Помага против тегоби со варење и подуеност, помага и како превентива и за лечење дијареа и гастроентеритис.

Камфор – употреба

Се користи и за масажа, како и за облоги против отоци и воспаленија. Олеснува симптоми на настинки и грип, ублажува кашлица, отвора дишни патишта. Делува и против нервни пореметувања како третман кај грчеви, епилепсија и мускулни контракции.

Добро е дезинфекционо средство, може да се користи за прочистување на вода, а и против инсекти.

Помага против габични инфекции на кожа, лечење на дерматитис, акни и лузни, против ситни кожни паразити (вошки), поволно влијае и на раст на коса. Помага и кај псоријаза!

Делува и на либидо и тоа со вдишување, конзумација или масажа, стимулирајќи делови на мозокот и потикнувајќи хормони и циркулација.

Како порано така и денес, во некои држави се користи и како зачин.

Dermatitis; Дерматитис
ДЕРМАТИТИС

Внимание со користење на Камфор:

  • можни се и нус-појави поради токсичноста на камфорот, особено ако се користи во поголеми количества. Затоа е најдобро, пред употреба, да се бара совет од стручно лице!!
  • Никогаш не смее да се нанесува на отворени рани, не се препорачува за трудници и доилки, не и за мали деца.
  • Лесно е запалив и не смее да се вари ниту загрева.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови