Кантарион жолт или на латински Hypericum perforatum – штом се убере, мора да се држи во сенка. Производите од билката се чуваат во темна амбалажа.

Кантарион – лековитост

Депресија и душевен немир (полесни форми)

Кантарионови екстракти се добри за состојби кои одат со депресија – вознемиреност, неспокојство, лошо расположение, несоница. При полесни форми Кантарионот може да ги реши овие состојби, без лекови (антидепресиви, седативи).

Внимание, кантарион не се користи паралелно со лекови, може да има несакани ефекти!!!

Кантарион во менопауза 

Жените полесно поднесуваат симптоми на менопауза ако пијат Кантарионов чај.

Чај од Кантарион; Čaj od Kantarion.
ЧАЈ ОД КАНТАРИОН

Ублажува предменструални тегоби (ПМС).

Зараснување на рани

Кантарионова маст помага за рани, како и за жени со царски рез – помалку ќе се познава раната.

Одвикнување од пушење

Еднаш на ден се пие Кантарионов чај пред да ги оставите цигарите и 3 месеци откако ќе се откажете од пушење.

Афективни пореметување на расположение

Помага чајот. Се пијат по 2 чаја на ден.

Кантарион кај Хемороиди: 

Помага маслото; натопена вата стои преку ноќ.

Kantarion kaj hemoroidi. Кантарион кај Хемороиди.
КАНТАРИОН ЗА ХЕМОРОИДИ

Кај цревни паразити

Помага етеричното масло; содржи антибактерицидни феноли.

Кантарион помага и против:

Стомачни тегоби, мигрени и главоболки, ишијас, неуралгии и фибро-мијалгии, хроничен замор, болки и замор во мускули, ублажува тропање на срце, подобрува апетит, помага и кај рак.

Рецепти со Кантарион

Кај болки во црн дроб

Правиме смеса од по 25 гр. Кантарион, Нане, Петровец и Смиље; 3 супени лажици попаруваме со 0,5 л. зовриена вода и оставаме поклопено преку ноќ. Наредниот ден се пие по 1 дл чај, трипати на ден, пред главните оброци.

Регулирање на менструација

Правиме смеса од по 25 гр. Кантарион, Камилица, Валеријана и мртва Коприва; иста постапка и користење како претходниот чај. Се пие топол чај.

Дијареа

Правиме смеса од по 30 гр. Кантарион, Срценица и Нане; 3 супени лажици смеса вариме 5 минути и оставаме поклопено цела ноќ. Наредниот ден се пие млак незасладен чај. 

Испирање на рани и исеченици

Правиме смеса од по 30 гр. Кантарион и Ајдучка трева и 40 гр. Петровец; смесата ја проваруваме во 1 л вода, стои 2 саата, процедуваме и испираме.

Камен во бубрег и мочни канали 

Правиме смеса од по 20 гр. Кантарион, Килавица, лист Бреза, Руса трева и корен од Зајчев трн (Гладиш); 4 супени лажици вариме 5 мин. во 1 л вода, по 3 саата процедуваме и пиеме во текот на денот наместо вода.

Чир на желудец и на 12-то палечно црево

Мешаме по 20 гр. Кантарион, Ајдучка трева, корен од црн Гавез, Сладич и Ленено семе; се прелева со 1 л. жешка вода и по 6 саати се процедува. Се пие во текот на денот наместо вода.

Внимание:

  • Нанесување кантарионово масло на кожа причинува осетливост на кожа на сончеви зраци, најдобро е да се мачка навечер.
  • Деца под 12 години да не користат Кантарионови производи подолго од 4 недели.
  • Трудници и доилки не смеат да употребуваат Кантарионови производи. 
  • Може да предизвика неплодност и не се препорачува на жени кои сакаат да останат трудни.
  • Не се користи ни против состојби на длабока депресија, може да ја влоши состојбата.
  • Не смее да се користи 3 недели пред закажана операција – можни се срцеви компликации за време на анестезија.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови