КИМ или на латински Nigela sativa – масло од црн ким.

Опис – црн ким

Семките на Црн Ким и Кумин се многу слични, но се работи за две различни билки. Црн ким е многу лековита билка! Особено маслото од него!

Состав

Главните состојки на маслото се:

Нигелон, Тимокинон, бета-ситостерол, белковини, витамини Б1, Б2, Б3, фолна киселина, калциум, железо, бакар, цинк, фосфор, алфа-линолеинска киселина, Омега-3 и Омега-6 масни киселини, како и други киселини – миритинска, палмитинска, палмитолеинска, стеаринска, олеинска, линолеинска и арахидонска киселина.

Масло од црн ким и негова здраствена корисност:

  • Намалува холестерол и гликоза: ова дејство е и научно докажано.
  • Делува и против патогени микро-организми, против Ешерихија коли и уринарни инфекции.
  • Одлично помага кај мултипла склероза, Кронова болест, дијабетес, дерматитис и псоријаза, како и артритис и реума, хипотиреоидизам, системски лупус и склеродерма.
  • Природен антихистаминик и природно средство против алергии. Треба да се користи неколку месеци пред настап на сезона на алергии; со примена во подолг период, води кон намалување на симптомите, па дури и до излекување. Делува корисно и против болести на дишните органи, како астма, голема кашлица, бронхитис и воспаление на грло.

Масло од црн ким штити од рак

Содржи стерол и бета-ситостерол кои имаат анти-туморски својства и е добра превенција за сите видови рак. Уништува клетки на рак на панкреас, делува и против леукемија. Особи со висок ризик да заболат од рак треба да го користат – бидејќи содржи силна антиканцерогена супстанца Тимокинон. Маслото намалува последици од зрачење.

  • Црн ким има имуно-модулаторно дејство – зајакнува или намалува реакција на имунитетот, така подобрува борба со вируси, бактерии, габички и паразити. Но, кај некои луѓе реакција на имунитетот е преголема и доаѓа до т.н. Автоимуни болести.
  • Дигестивен систем: одржува здрава микрофлора во желудец и црева, а стимулира и работа на бубрези и црн дроб. Прочистува систем за варење (од паразити), а се користи и против габични заболувања како Кандида; се зема локално и орално.

Масло од црн ким за кожа, коса, нокти

Ги негува и ги лечи. Надворешно делува против габички на ноктите и стапалата, против дерматитис, опаѓање на коса, псоријаза, импетиго, акни и против хронични и алергиски воспаленија. редовна употреба лицето го прави почисто, со помалку брчки, косата ја прави појака и посјајна, намалува и првут. По секое миење, во косата се утриваат по 2 капки масло. Често се препорачува смеса од масло од црн ким со мед, се зема орално.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови