Коксартроза или Гонартроза…

Коксартроза е дегенеративна состојба на зглобот на колкот.

Постојат активни супстанци за изградба на рскавица кои делуваат антивоспалително (Глукозамин, Хондроитин, МСМ, Хијалуронска киселина, Колаген, Ѓумбир…

Постојат и комбинации од овие активни супстанци во суплементи за подобрување на состојба на оштетени зглобови и за регенерација на рскавица (можете да ги најдете под различни имиња).
Сите се земаат подолго време, рскавицата споро се обновува.

Консултација со доктор е неопходна.

Коксартроза - лекарски преглед
КОКСАРТРОЗА – ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД

Коксартроза – лечење

Сеуште нема лек кој ќе ги измени, запре или ќе ги преобрати процесите кои се основа за настанок на дегенеративни процеси во зглобовите. Некои проучувања будат надеж за запирање и опоравок на дегенеративните оштетувања. Засега, постојат само мерки и постапки за намалување на тегобите и опоравок на функцијта на зглобовите, како и подобрување на квалитет на живот. 

Физикална терапија

Намалува болка и укоченост на зглобови, грчеви и зајакнува мускули на околни ткива за да се зацврсти зглобот. Докторите одредуваат физикални процедури (ласер, ласеро-пунктура, магнето-терапија, интерферентни струи…), како и растеретување на кичмата (лумбалниот дел), така ќе се растерети и зглобот на колковите. Помага и хиропрактика – мануелна мобилизација на мекото ткиво на лумбалната регија, акупресура и др.

За успорување на артрозата постојата разни помагала, стап, влошки во кондури – олеснуваат движење. Дебелите особи мораат да ја доведат телесната тежина во нормала. Добро помага пешачење, барем 3 пати неделно по 30-45 минути, рехабилитациски вежби, ортопедски кондури и влошки.

Да се избегне или да се внимаваносење тежина, одење по нерамен терен, долго стоење, вкрстување на нозе, да не се накривувате во страна на зглобот на кукот…

Лекови

Аналгетици (на пр. Парацетамол…), нестероидни антиинфламаторни лекови (пократка терапија). Помага Глукозамин со Хондроитин – намалува заболување и чува рскавица. Хондроитин има во школки, говедско месо и рскавица од ајкули.

Природни лекови

Симптомите можат да се ублажат – наутро и навечер (30 мин. пред оброк) се пие чај од Коњско опавче, а во текот на денот 4 чаја од Коприва. Болка ублажува маст од Невен, лист од Кељ и од Зелка! Ладни гелови одлично намалуваат болка и вкочанетост во мускули и зглобови, а подобруваат и циркулација. Помагаат и облози од мечкина шепа (Heracleum sphondilium).

Коксартоза - блага масажа на колк
БЛАГА МАСАЖА НА КОЛКОТ

КоксартрозаИСХРАНА

Следниве препораки за исхрана при артроза на колк имаат за цел обновување на оштетена рскавица и спречување понатамошна прогресија на болеста.

Пожелно: помали порции, 5-6 на ден. Храната да се спрема на пареа, со варење или малку потпечена во рерна. Месо се вари без кожа; се препорачува медитеранска кујна богата со витамини А, Д, Б, К, со калциум, магнезиум, селен, цинк, бакар, како и со Омега-3 масни киселини.
Треба да се пие барем 2 литри вода на ден.

Непожелни се: се што содржи многу сол – риба во конзерви, сушена риба, кисели краставички, храна со многу масти – мрсно месо, мајонези, чоколадо, путер, павлака, шлаг, храна со конзерванси, бело брашно.

Коксартоза и чоколадо
ЧОКОЛАДО, НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

Добра храна е: млеко и сирење со помалку масти, немрсно месо и риба, билни извори на протеини (леќа, хељда, печурки, грав), желатин и желе (содржат Колаген!), маслиново и ленено масло. Зеленчук богат со витамини и минерали, производи кои содржат фосфор и флуор (морски плодови), житарки богати со железо и бакар, комплексни јаглени хидрати со повеќе минерали (суво овошје, суви марелици и сливи, мед).
Внес на витамин Д и сончање!

Вежби за артроза на колк (во договор со Физијатар):

Избегнување на нагли движења на колк и трчање, како и интензивни напори (фудбал, тенис, одбојка, кошарка…).

Помагаат изометрични вежби, вежби на истегање, аеробни вежби. Потребно е 3-4 пати во денот да се мирува, но не е добро ни премалку да се движите – зголемува вкочанетост!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови