КОНДИЛОМИ или генитални брадавици; заразно полно преносливо заболување предизвикано од ХПВ вирус.

Се работи за израстоци од 1-3 мм. Заболуваат речиси подеднакво и мажи и жени, но кај жените се видливи и почести.

Кондиломи – симптоми

Брадавици во разни форми и бои (беличести, розеникави, кафеави, темни).

Кај жени: се јавува свраб, засилен секрет, исцедок од вагина, болки при полов однос, вагинално крварење.

Кај мажите се јавуваат брадавици, осип или црвени и розеникави точкици на пенисот или околу коренот на половиот орган, на кожичката, како и околу аналниот отвор. Можни се и тешкотии при мокрење. 

Кондиломи – лечење

Консултација со лекар!
Мора да се лечат и двата партнера. Најчесто се применува хемиска терапија – креми и тинктури, Криотерапија (замрзнување), горење со ласер и отстранување со радиоталаси!  

Кондиломи – Лековити билки кои се додаток на основна терапија

а) Тинктура од Росопас и Лук: во тегла ставаме 1/1 Росопас, ситно сецкан Лук, Дивизма и Крушина; сипаме до врв 60% алкохол, по 10 дена процедуваме, филтрираме.

б) Кантарионово масло: тегла од 1 л до пола полниме со Кантарион, и до врв налеваме маслиново масло;  стои 5 дена со капак полустегнат, потоа добро го затвораме и стои уште 1 месец на топло. Се процедува во стаклени шишиња. За надворешно мачкање на кондиломи!      

в) Прополис: се мачкаат кондиломите, ефикасен лек; додека орална примена за јакнење на имунитет!  

Слика: Прополис. Slika: Propolis.
ПРОПОЛИС

г) Реиши: екстрактот помага во борба со ХПВ вирусот. 150-300 мг секој ден.                

д) Лист Маслина: содржи Олеуропеин – ефикасно се бори со вируси, па и со ХПВ. Суплементи или чај:   1 кафена лажица 30 мин во 2 дл врела вода, се процедува. 2-3 чаши чај на ден!     

Слика: Лист маслина. Slika: List maslina.
ЛИСТ МАСЛИНА

ѓ) Сибирски Жен-Шен: јак природен адаптоген! Содржи Елеуротеид – зајакнува имунитет, ефикасно уништува и ХПВ вирус! Луѓе со Хипертензија и срцево болни – да не користат подолг период (консултирајте лекар).                                                                                                                                                          

Ранички на грло на матка

1/1 Ајдучка/Невен/Овчарско торбиче; 1 супена лажица смеса стои 20 мин во 2 дл врела вода, процедуваме.

По 1 чаша секогаш свежо направен чај пред ручек и вечера, незасладен, 6 недели!         


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови