Коприва или на латински Urtica dioica е отпорно растение – буквално расте насекаде. Се берат површните гранчиња со листовите, целата надземна билка со цвет, семето или само коренот. Мора да се бере со ракавици.

Опис, својства и состав

Копривата е вистинска ризница на минерали и витамини: витамини Ц, А, К, Б2… многу железо во коренот, што е одлично против анемија. Витамин Ц помага апсорпција на железо.

Содржи многу Магнезиум – одлично помага против болки и грчеви во мускули, менструални грчеви, против општа слабост, замор и исцрпеност.

Содржи Силициум кој е многу важен за здрава кожа и копривата се користи за сузбивање на акни, егзем, херпес, лишаи, габички.

Витамин К помага запирање на крварења, против обилни менструацији или при крварење од нос. Копривата има состојки против развој на бактерии.

Лецитин помага против болки во зглобови, стимулира варење, зајакнува коса. Стимулира памтење. Копривата одлично помага во детокс на организмот.

Чај од Коприва е одличен за трудници. Спречува и лечи т.н. Трудничка анемија, а стимулира и циркулација. Помага работа на бубрези, ублажува стрес, потикнува лачење на млеко… Чајот се пие од 4-от месец на бременост и цело време на лактација. Помага против хемороиди и крварење по породување.

Коприва – лековити дејства

Научно докажано, помага и при овие тегоби:

Реуматоиден артритис

Копривата намалува воспалителни процеси. Лисјата имаат благотворен учинок на артритис и при мирување и при движење.

,,Шибање“ со гранки од коприва по телото одамна е познато, потикнува циркулација како помош при хронична реума. Ставање свежа коприва на болни места ублажува симптоми на артритис и на ишијас. Допир на лисјата со кожа потикнуваат создавање на хистамин и серотонин што ублажува болки.

Чај од коприва има диуретски својства, елиминира мочна киселина и натриум од организмот, при што олеснува тегоби од гихт, реума и артритис.   

Дијабетес

Се користат лисјата и стебленцата – стимулираат панкреас да отпушта инсулин, а инхибираат делување на Алфа-глукозидази задолжени за разградба на јаглени хидрати. Така телото поспоро апсорбира гликоза и спречува нагли скокови на шеќер во крв.

Наутро во соковник цедиме сок од лисја на коприва; се пие 15 мл сок во 150 мл вода. Секогаш се прави тазе сок.

Алергиски ринитис

Тоа е воспаление на слузницата на носот, пропратено со кивање и јадеж. Се пие чај од коприва. Се пие и пред да настапи сезона на алергии, 2-3 чаши на ден. Спречува и други заболувања. При потешки форми, се пијат 3-5 чаја на ден. 

Рецепти со коприва

Чај од Коприва

Две кафени лажичиња сув лист коприва се прелеваат со 2 дл зовриена вода, стои 10 мин. поклопено и се процедува. Се пијат 2-3 чаши чај на ден, со мед и лимон.

Облоги

Одлични се против реума и воспаленија. Лисја коприва се прелеваат со зовриена вода и по 15 мин. во неа се натопува ткаенина, која се положува или обмотува на болното место. Против воспаление на очи се ставаат облоги од свежо исцеден сок од Коприва. 

Купки

Одлични се против грчеви, замор, габички на нозете и болести на крво-жилниот систем. Во вреќичка се става 200 гр. свеж лист Коприва и се става во зовриена вода да одстои 10 мин. Се седи во млака вода 20-на мин. По купката не се тушираме. Купките се прават секој ден, 4 месеци. 

Сируп од Коприва 

Одличен за јакнење на крв и подобрување на работа на бубрези, помага против астма и алергии, опаѓање на коса и против анемија.

Тинктура од Коприва 

Се користи и за внатрешна и за надворешна употреба.

Одлична е за имунитет и против анемија.

Ако ве интересираат хербални (билни) рецепти, можете да ги најдете под категорија:



2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови