Коњско опавче, Разделниче, Барска метвица или на латински Equisetum arvense.

Опис

Големото лековито дејство е основа за изреката, „БИЛКА СО КОЊСКА СИЛА“.

Многу отпорна повеќегодишна билка, со тенок положен корен. Презимува под земја. Стеблинката е усправна со тенки бројни лисја со форма на опавче. Цути во Март. Билката е коровска и се јаде, се јадат сварени сржта и коренот. Се бере од Мај до Октомври, се сече 20 см над земја.

Состав

Содржи силициум диоксид, кој ретко го има во другите билки! Богат е со природен калциум, со магнезиум, калиум и влијае на здравјето на коските и забите; содржи флавоноиди и Сапонин. Подобрува еластичност на зглобови, гихт, тегоби со тетиви и лигаменти; се препорачува на луѓе кои патат од реума, артритис и остеопороза.

Примена на Коњско опавче

Разделниче е природен лек за болести на уринарните патишта, мочниот меур и бубрезите, туберкулоза, чир на желудник

Во козметиката многу се користи, за препарати против стрии, брчки, целулит и брзо стареење на кожа.

Намалува камен во бубрег, подобрува крвна слика, намалува воспаленија во органите за варење, при зачестени гасови, болести на коски, проблеми со опаѓање на коса.

Чај од Коњско опавче

Чај од коњско опавче се пие ладен, најдобро после јадење. Чајот се пие највеќе 7-8 недели, потоа мора да се прави пауза.

Најпрво, контраиндикации:
Чајот не се препорачува на доилки, трудници и деца. Се пие умерено, поголеми дози може да предизвикаат грозница, мачнина, забрзан пулс, иритации на кожа…
Додека се пие чајот, никако не смее да се пие алкохол!

Капсули со коњско опавче помагаат за ослабена меморија, поради недостаток на силициум диоксид.

Чај за исфрлање течности

1 супена лажица сув лист разделниче се прелева со 2 дл ладна вода, се загрева до вриење и се остава 30 мин. да се олади. Се процедува. Се пијат 2-3 чаја на ден, после јадење.

Чај за бубрези

За воспалени уринарни канали, намалување и исфрлање на камен од бубрег, се пие ист чај како во претходниот случај. 

Чај за слабеење и целулит

Се прави смеса од по 100 гр Разделниче, дршки цреша и фенел. 3 супени лажици смеса се прелева со 1 л ладна вода. Се загрева и се вари 2 минути. Се остава 30 мин., се процедува и се пие во мали голтки, цел ден, незасладен.

Друга примена на коњско опавче

Првут и опаѓање на коса

Накапуваме 4-5 капки тинктура од разделниче во кокосово или маслиново масло и со тоа се масира скалпот, за да се подобри циркулација и да се забрза раст на коса. Се прави еднаш неделно. Коса може да се зајакне и ако се испира со чај од коњско опавче – 1 чаша во 1,5 л проварена и оладена вода. 

Облоги против болки

2 супени лажици билка држиме над вода што врие, штом омекне се става во крпа и на болно место. 

Сок за јаки коски

½ кафено лажиче сок од оцедени лисја, се зима наутро на гладно. 

За имунитет

3 супени лажици суви лисја билка се толчи во прав, се зема по ½ кафено лажиче пред доручек и вечера.

Купка

100 гр билка се остава преку ноќ во ладна вода, наутро се загрева и се става во када со топла вода, се лежи 30 мин. Со бањарка, без туширање, се лежи во кревет добро затоплени 60 мин.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови