Крварење од гингива (месото околу забите) или попознато кај народот како „ми тече крв од забите“.

Доколку тоа се случува при миење на заби или чистење со конец, може да се работи за лоша хигиена на уста или каменец, а може да е и симптом на Парадентоза, Гингивитис и сл..

Доколку потрае состојбата, посетете забар.

Превентивни мерки против крварење од гингива

Редовно миење заби, најдобро после секој оброк, како и чистење со конец.

Доколку се појави некое воспаление во усната шуплина, одлична помош е зелен чај со 1 супена лажица сок од лимон!

Да се јаде храна со витамин Ц (пиперки, лимон..), зајакнува сврзно ткиво на гингива, исто и витамин К (спанаќ, кељ…).

Поретко конзумирање слатки и шеќери – по нив, устата добро да се исплакне и да се измијат темелно забите.

Треба да се избегнува стрес, алкохол и премногу кафе – имаат негативно дејство!

Билни рецепти против крварење од гингива

Против стрес

Во 700 мл вода ставаме по 25 гр Лаванда, Маточина, бобинки Глог и Коприва; загреваме до вриење и тргаме од оган. Се остава да стои поклопено цела ноќ. Наутро се процедува и во чајот растопуваме 3 супени лажици мед. Течноста ја сипаме во шише. Се зема 3 пати на ден по 1 супена лажица, со малку чај или вода.

Водичка од Жалфија

Има антивоспалително и антибактериско дејство. Ублажува воспаленија и инфекции со отоци на гингива.

Рецепт: 1 кафено лажиче жалфија вариме 2 минути во 2 дл вода, стои 15 мин., потоа се процедува. Миеме заби по секој оброк и со овој одвар испираме уста. Ова запира крварење, а исто така е и добра превентива.

Кокосово масло

Делува анти-воспалително, избелува заби, освежува здив. Се чува на 20оЦ. Два пати на ден утриваме 1 кафено лажиче на гингивата, особено е важно навечер пред спиење и по 30 секунди миеме.

Каранфилче

Има антивирално и антибактериско дејство. Посипуваме каранфилче во прав на влажна чиста ткаенина и ја мачкаме гингивата на двете вилици. По 1 минута миеме.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови