Намена

Одамна се користела во купки, за прочистување на тело и дух. Маслото од лаванда се мачкало на чело, теме и на стапалата за подобри умствени способности. Одамна се користи за внатрешни и надворешни тегоби. Има смирувачко дејство на психата и на состојбите како несоница, депресија и анксиозност.

Во античко време, римјаните ставале лаванда при перење алишта, поради анти-септичките и анти-бакетриските својства. Кога во Европа масовно се раширила Куга, многу луѓе во ноздрите и устата ставале ткаенина натопена во лавандина водичка.

Лаванда – лековито дејство

Благата миризба на лаванда опушта, смирува и отклонува чувство на напнатост; етеричното масло од лаванда затоа се користи за масажа, а помага и против ревматски и мускулни болки. Се нанесува на кожа неразредено, што не е често меѓу другите етерични масла! Потикнува регенерација и одлично помага во зараснување на рани, лузни, акни и изгореници, а одлично е помошно средство и за третман на сите бактериски и габични кожни инфекции.

Етеричното масло на Лаванда се користи за инхалација, накапуваме 7-8 капки во жешка вода. Прочистува дишни патишта, а освежува и цело тело.

За лесен и добар сон, до перниците од вете страни се ставаат мали перничиња со свеж цвет лаванда. Лавандата има и благо дејство на афродизијак.

Се користи и како зачин во солени и слатки јадења.

Чај од Лаванда

Добар е за смирување, против главоболки и против желудечни тегоби: 1 кафено лажиче се попарува со 2 дл зовриена вода, се остава 5 минути и потоа се процедува. Може да се заслади со мед, се става и лимон.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови