Ленено семе, Лен или на лат. Linum usitatissimum е билка која се одгледува и користи со векови.
Опис, својства и намена
Од Лен се прави текстил, но е исто така и исклучително корисен за здравјето. Лененото семе има антиканцерогено дејство, штити од срцеви заболувања, од мозочен удар и тромбоза, намалува холестерол и крвен притисок.
Меленото ленено семе помага во слабеење (одстранува вишок вода од телото), забрзува метаболизам и топи маснотии. Содржи многу влакна и така намалува чувство на глад.
Здравствена корисност на Ленено семе
Одличен е избор за оние кои патат од артритис, тврда столица и силна желудечна киселина. Намалува гасови, одличен е лаксатив и елиминира токсини.
Разредува крв, спречува создавање на крвни тромбови, камења во бубрези и жолчка. Според некои испитувања, редовна конзумација на ленено семе намалува ризик од настанок на рак на дојка, на простата, дебело црево и бели дробови, намалува ЛДЛ холестерол и го зајакнува срцевиот мускул.
Задржување на вода во телото е секогаш последица на некое заболување, на пр. воспаление на зглобови, некои видови дебелина, ПМС и кардиоваскуларни заболувања, а редовно користење на ленено семе им помага на бубрезите да излачат течности и натриум.
Лененото семе е еден од најголемите извори на природен Лигнин и на незаситени масни киселини Омега -3, -6, -9, а содржи и 27 антиканцерогени состојки!!!
Масло од семки од Лен
Масло исцедено од ленени семки е една од најблаготворните намирници. На особи заболени од рак им се советува ова масло да го користат во исхраната. Содржи есенцијални масла и хранливи материи кои на организмот му се стално потребни и кои покачуваат отпорност.
Лененото масло враќа сила и виталност, ублажува алергии.
Примена на Ленено семе
За зајакнување на организмот дневно се земаат по 2 супени лажици свежо сомелено ленено семе, може да се помеша со овошен сок (Малини, Боровинки, Капини, Јагоди…) или со јогурт, со супа или чорба. Сомеленото семе ужегнува по 5-6 дена стоење.
Потопено во вода станува слузесто, а токму во таа слуз се сите негови корисни состојки!
Слузта на заболена слузокожа на желудник создава тн. Нут-филм, ја обложува и ја штити, ублажува воспаленија.
Цели семки Лен имаат иста вредност како и сомелените, но сомелени организмот може полесно да ги искористи.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови