Ливадски Гераниум (Geranium maculatum)

Ливадски или Див Гераниум е цветна билка која расте по полиња, а се одгледува и во бавчи. Многу е лековита. Висока е 30-90 см, лесно се одгледува и отпорна е на ниски температури.

Стебликата е витка и разгранета, лисјата се бледозелени и забести на врвот. Цветот има пурпурно-розеникава или светла виолетова боја со големина околу 3 см и има 5 листа.

Може да му се додаде малку компост за поуспешно цутење. На подземните положеници се развиваат бочни изданоци од кои никнуваат нови билки.

Се отсекуваат младици од добро развиени билки до самата земја и со остар нож се кратат на 5 см. Се убодува во саксија со свежа земја, се залива, саксијата се покрива со фолија и се остава на светло место. Земјата не смее да се исуши. Штом се формираат нови лисја, билката може да се посади во леа.

Лековити својства на Гераниум

Лековити се тревата и ризомот. Билката содржи витамин К, есенцијални масла, кератин и аскорбинска киселина. Дивиот Гераниум е одличен адстрингент и нема иритирачко дејство.

Обновува ослабена слузокожа од исцрпувачки и многубројни празнења. Погоден е против хронична дијареа и хронична дизентерија, катарен гастрит, ноќно потење и воспаленија, детска колера, афти, воспаление на очи и сл. Корисен кај дијабетес и чир на желудник. Помага во исфрлање на слуз од цревата, ректални проблеми, хемороиди – тогаш се користи по анален пат во комбинација со канадско лутиче. Мало количество инфузија се вбризгува во ректумот.

Орална употреба е добра против чир на желудник, дијабетес, внатрешни крварења, инконтиненција на урина, Брајтова болест, како и кај дијареа, дизентерија, детска колера и проблеми со цревата. И во овој случај се мешаат ливадски Гераниум и канадско Лутиче во соодветна пропорција.

Освен на овие начини, билната есенција може да се користи и за кожни проблеми, како исеченици и рани, против воспалено и иритирано грло, крварење од нос.

Извор:  Agro.rs                                                                  

Ако ве интересираат хербални (билни) рецепти, можете да ги најдете под категорија:



2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови