Липа или на латински Tilia cordata.

Опис, свосјтва и распространетост

Листопадно дрво, расте дури до 30 м во височина, а доживува старост од неколку стотини години! Најмногу се користат цветовите, мали се, зеленкасто-жолти и миризливи! Цути во Јуни, се берат на самиот почеток на отварање на цветовите, тие веќе неколку дена расцветани речиси воопшто не се лековити.

Се сушат раширени во тенок слој, во сенка, на место со провев. Штом се осушат добро, се чуваат во хартиени кеси или кутии, на суво и темно место. Цветовите содржат многу фитонутриенти, особено флавоноиди, како и витамин Ц, железо, калциум, танин, гликозиди, соли на манган и етерични масла.

Липа – намена

Грип и настинки

Содржи многу антиоксиданси, кои одржуваат добар имунитет, превенираат грип и настинки; липата поттикнува потење (мора да се лежи во кревет!), сузбива грозница и висока температура, болки во грло и кашлица, воспалени синуси, ждрело и дишни патишта. 

Воспаленија

Ублажува симптоми кај многу воспалителни состојби (артритис, гихт, инфекциски воспаленија…), превенира воспаление на бели дробови и на грло, сузбива и воспаление на крвни садови.

Детокс со Липа

Има јаки диуретски својства (содржи П-кумаринска киселина), елиминира токсини, вишок соли, масти, вода и непожелни елементи во организмот.

Липа – корисност

Регулира варење

Делува против лошо варење, болки и грчеви во стомак, подуеност во црева, пролив, затвор, мачнина, повраќање и сл…

Антиканцерогено дејство

Превенира и помага лечење на разни видови рак; содржи Кверцетин и Кумарин (анти-оксидативни елементи) кои блокираат слободни радикали.

Релаксира дух и тело

Намалува вознемиреност, нервоза, немир, паника и анксиозност, хроничен стрес.
Се пие чај од Липа!

Други својства на Липа

Олеснува менструални тегоби, замор, спречува опаѓање на коса…

Природен рецепт од Липа за смирување

Во 1 л зовриена вода ставаме по 2 кафени лажичиња Вербена, Нане, Липа и Камилица; стои поклопено 10 мин. и процедуваме во бокал. Додаваме сок од Лимон и мешаме. Се пие во тек на денот.

Освежителна лимонада со липов чај

Правиме 2,5 дл чај од Липа и го оставаме да одстои сат-два. Додаваме 2,5 дл свежа лимонада и добро мешаме. Може да се додадат и коцки лед.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови