Лузни – остануваат како белег на кожа и будат лоши спомени.

Како настануваат лузни?

Настануваат од повреди, изгореници, акни, убоди од инсекти, сипаници, операции.

Овие природни средства ќе помогнат лузните да нестанат или останат одвај видливи.

Билна медицина против лузни

Алое Вера

Ова се должи на неговото анти-воспалително и анти-бактериско дејство. Се вади со засечување на лист. Се мачка и се остава да се осуши. Не е потребно да се испира со вода.

Гел не смее да се нанесува на отворени рани!

Навлажнува кожа, помага оштетена кожа да зарасне и да формира здрав епител.

Сок од Лимон

Содржи алфа-хидроксилна киселина која помага одстранување на сите видови лузни! Одстранува мртви клетки на кожа, поттикнува раст на нови клетки и еластичност на кожа. Во регенерација на кожата помага и витамин Ц.

Тие со осетлива кожа можат да го разблажат со малку ружина водичка или со масло од Е-витамин. Се нанесува и по 10 мин. се мие со млака вода. Ова се прави повеќе денови.

Доколку морате да излегувате, третманот со сок од лимон правете го 2-3 саата порано и нанесете заштитна крема пред да се изложите на сонце.

Мед помага против лузни

Природен е навлажнувач на кожа и помага одстранување на лузни од акни. Спречува трупање на мртви клетки на кожа и стимулира регенерација на кожно ткиво. Ставете навечер малку мед на лузната, одозгора фластер и легнете. Наутро измијте го со топла вода. Се прави повеќе денови.

Измешајте добро и утривајте нежно на лузна 4-5 минути. Потоа измијте со топла вода, исушете и нанесете хидратантна крема. Се прави 2 пати неделно.

Во одстранување на лузните добро се покажале и јаболков оцет, како и креми со слуз од полжав (против црвенило, бубулици, воспаленија и лузни).

Природни мелеми од дива ружи исто такаа се покажале добри!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови