Мајска ружа или на латински Rosa centifolia.
Опис, својства, состав
Мајска Ружа е повеќегодишна билка и најчесто се одгледува како украсна грмушка. Многу често се среќава во букетите со режано цвеќе, убаво изгледа и има пријатна миризба.
Мајска ружа е омилена билка и се одгледува во многу бавчи!
Цвета во период од Мај до Октомври и во тој период пчелите збираат добро количество нектар и поленов прав! Насади со мајски ружи опрашени од пчели подобро изгледаат и успеваат!
Некои видови се одгледуваат и како дрвја. Може да нарасне и до 2 м висина. Лисјата на долната страна се посветли и малку назабени, стојат на кратки петелки.
Оригиналната мајска ружа имала розеникаво црвена боја. Цветовите имаат голем број цветни латици и прашници. Стојат на долги и голи дршки.
Корисност и лековитост
Интересна е како поради лековитоста така и поради корисноста за пчеларството.
Лековити се латиците. Се збираат во полно цветање и на суво време. Чај од ружини латици е добро средство за чистење на крв! Помага и против жолтица, како и против преобилни менструации, несвестици, вртоглавици и главоболки.
Здравствена намена на Мајска Ружа
Зајакнува срце и нерви. Се користи и против настинки, ревматизам и пролив. За надворешна употреба – од латици се прават масти и облоги (ревматизам, испукани усни…).
Се прават и облоги против Црвен ветер (Врбанец – заразна болест предизвикана од микроорганизам, најчесто ја пренесуваат свињи).
Во домашни услови се прави вистински деликатес – Слатко од ружини латици!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови