Мајчина душица или на латински Thymus serpyllum е трајна жбунеста билка, висока 20-30 см. Листовите се нееднакви по големина и форма. Има розе-љиљакови цветови со силна и пријатна миризба. Се наоѓа на сончеви ливади и полиња.
Лековитост
Лековити се само цветовите и лисјата. Јак е антисептик за внатрешни органи, за дишни и урогенитални органи. Зајакнува психофизички функции.
Мајчина душица – дејство и намена
Разни неурози, депресија, неуропатии, алкохолизам – тука покажала најефикасно дејство.
Многу се пие чај од мајчина душица, а во случај ако се пие после тоа алкохол, тера на повраќање и до губење желба за пиење алкохол.
Се користи против слабости и сексуални пречки – зајакнува и стимулира сексуални функции.
Белодробни заболувања: астма, бронхитис, емфизем, туберкулоза – се зема чај или сируп од мајчина душица, затоа што делува повеќенаменски – како експекторанс кој олеснува искашлување (раствара слуз, катар), како антисептик кој смирува силна кашлица и како антисептик кој спречува ширење на инфекции, т.е. делува антивоспалително.
За женски болести се користи да потикне и регулира менструација (еменагог) и како антисептик против инфекции на матката.
Помага лечење на мигрена, болести на бешика, бубрези, желудечни грчеви, анемија, ангина, дифтерија, кијавица, несоница, реума, па и против епилепсија (падавица).
Контраиндикации:
НЕ СМЕАТ да ја користат особи со слаб желудник, со проблеми со жолчката, со акутен чир на желудник и со компликации на црн дроб.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови