Дали сте спремни да го пробате највкусниот мед од природата? И ние сме! Но, пред тоа прочитајте што се содржи медот.

Дејство

Медот има исклучително благотворно дејство на нервните клетки, ја подобрува нивната исхрана. Помага за подобро искористување на витамини и минерали внесени со храна. Нормализира оксидација и детоксикација и така намалува раздразливост. 

Занимливост:
Романски доктори успеале да подобрат здравје кај душевно болни лица од меланхолија и нервни болести. Не користеле лекови, туку само мед – во период од 3 недели. Пациентите имале помирен сон, помала раздразливост и поголема мотивација!

Содржина на медот

Во зависност од видот, содржи 16-21% вода.

Пребогат е со витамини и минерали, содржи повеќе од 200 состојки:

  • Витамин Б1
  • Витамин Б2
  • Витамин Б3
  • Витамин Б6
  • Витамин Х
  • Витамин К
  • Витамин Ц
  • Витамин Е
  • Витамин А
  • Витамин ПП
  • Амино-киселини
  • Мравја киселина
  • Оксална киселина
  • Лимунска киселина
  • Оцетна киселина
  • Фосфор во најповолна форма за апсорбирање во телото (помага при умствен напор)

Содржи и железо и етерични масла кои имаат благотворно дејство на мозочните клетки.

Општа примена на медот

  • Против несоница – помага чаша млеко со 1 лажица мед; медот е лесно сварлив, во крв оди со мали промени
  • Делува како пробиотик – ги стимулира бактериите во органите за варење и го зголемува бројот на млечните бактерии
  • При хиперацидитет – медот се зема 2 саати пред јадење растворен во чаша млака вода, а при хипоацидитет – медот се зема 10-15 минути пред јадење со чаша ладна вода
  • При воспалено дебело црево – мед се зема три пати на ден пред јадење, по 1 гр на 1 кг телесна тежина.
  • За смирување кашлица и Бронхит – правиме смеса од 20 гр сладок корен, по 10 гр корен и лист од Бел и Црн Слез, Мајчина душица и Подбел. Две супени лажици смеса попаруваме со 6 дл врела вода. Стои поклопено 30 мин, потоа се процедува. Се дели на 3 чаја по 2 дл, засладени со по 1 кафено лажиче мед и сок од лимон – се користи 10 дена. 

Видови мед и нивна намена

Извори на мед: Нектарски (цветен) мед, шумски мед и мед од слаткасти материи (од распукано овошје, лубеници и сл)

Багремов

Има светло-зеленкаста до жолтеникаво-прозирна боја. Одличен е против дигестивни и бубрежни пореметувања, за болен црн дроб и кај дијабетес. Оди со млако млеко за заспивање, помага против ендокринолошки и нервни заболувања.

Рецепт за нервозни и мрзливи црева: во 1 кг багремов мед умешуваме по 1 супена лажица сомелени иглички Рузмарин и Лаванда и нарендан корен од Ѓумбир; се пие по 1 супена лажица разблажена со 100 мл вода, 30 мин. пред јадење.

Липов

За инфицирани дишни патишта – тера на потење и се лежи во кревет додека трае инфекцијата.

Ливадски

Има силно анти-микробно и анти-габично дејство – помага при дигестивни, бубрежни, бело-дробни и гинеколошки заболувања, болести на срце и крвни садови.

Планински

Зајакнува организам, имунитет, дишни органи, стомачно-цревни болести.

Боров мед

За инфекции на дишни органи, бронхитис, воспаленија на синуси, грло и слузокожа на нос, против дигестивни и бубрежни заболувања.

Шумски

До 10 пати е побогат со минерални материи во однос на другите медови – помага кај анемија!

Костенов мед

Кај проблеми со варењето, за срце и црн дроб.

Мед од Жалфија и Рузмарин е добар за дишните патишта.

Мед од Лаванда

Богат е со железо!

Мед од Детелина

При стомачно-цревни проблеми и кај заболени од Дијабетес.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови