Мечкина шепа или на латински Heracleum Sphondylium е еден од најдобарите природни афродизијаци – лечи немоќ на полови органи настанат од стрес и замор.
Опис
Мечкина шепа (мечкина дланка) на латински Heracleum sphondylium е ретка билка, претежно успева во планинските предели. Името го добила според формата на листот. Како жбунеста коровска билка успева и на влажни ливади, покрај потоци, патишта, покрај ивици на шуми. Исклучително е делотворна. Лисјата мирисаат слично на Целерот, и одличен се зачин за салати и супи.
Мечкина шепа – својства и состав
Билката содржи Аргинин, Глутамин, Галактен, Арабен, Холин, Стерол, кумарински хетерозиди, масти, белковини, јаглени хидрати, витамин Ц и Каротен. Калоричната вредност и е само 50 калории. Оголени лисни дршки можат во вид на туршија да се ставаат и во зимници. Стебликата е шуплива, може да нарасте до 1 метар во висина, има горчлив вкус и мирис сличен на Морков. Плодовите се слични на Ким, малку се поголеми. Содржат многу етерично масло и се користат како зачин во јадења, супи, во леб и пецива. За јадење се користи и коренот, кој е богат со скроб и шеќер, а се става во супи и варива.
Лековитост на билката
За лековита намена се користи коренот и надземниот дел на билката, се собира во лето кога цвета. Цветот е многу сличен со тој на Ангелика, затоа се внимава на лисјата!
Чај од лисја од Мечкина шепа
Многу ефикасен за лечење простата и други тегоби на урогениталниот тракт. Силно зајакнува потенција, ослабена поради стрес и замор или општа истоштеност на организмот.
Званично е прогласена за јак афродизијак!
Чајот потикнува апетит кај деца и возрасни, регулира варење, намалува крвен притисок. Против хипертензија делува постепено и долго, без последици на срцевиот мускул. Шири перфиферни крвни садови, поттикнува исфрлање на течности од организмот, намалува уреа во крв. Како народен лек, се препорачува против дијареа пропратена со грчеви и против катар на црева.
Облоги од иситнетнети лисја и корен се ставаат на кожни чиреви и на места на убод од инсекти. Коренот се препорачува и за лечење на епилепсија.
Рецепти со Мечкина шепа
Рецепт кој помага кај Епилепсија: 12 кафени лажичиња иситнет корен Мечкина шепа потопуваме во 4 дл млака вода и оставаме да одстои 8 саати. Процедуваме и пиеме во мали голтки цел ден.
Рецепт кој помага кај Импотенција: 1 супена лажица исецкан лист преливаме со 2 дл врела вода, поклопуваме и оставаме 30 минути. Се процедува и се пие незасладен чај, 3 чаши на ден, пред јадење.
За подобро варење: 1 супена лажица од целата билка, исецкана, прелеваме со 2,5 дл врела вода и оставаме да стои 5 минути. Се процедува и се пијат два овакви чаја на ден, по јадење.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови