Мечкино грозје или на латински Arctostaphylos uva-ursi е повеќегодишна зимзелена билка, расте полегната на земја, со препознатливи ѕвонести цветови.

Опис

Плодот е црвен, со кисело слаткаст вкус, со големина на зрно грашок. Најлековити се лисјата, ситни и меснати, јајчести, со темнозелена боја. Содржат фенолни споеви, Арбутин и Метил-арбутин, околу 5-15%. Арбутин има силно антисептичко и благо диуретско дејство, што многу стимулира елиминација на бактерии од организмот. При користење на билката не се препорачува кисела храна и напитоци.

Состав

Мечкиното грозје содржи и Кинони, познати по антибактериски својства. Содржи и Галатинон, дури 20%, со силно антибактериско дејство против уринарни инфекции. Денес оваа билка е службено одобрена како природен лек против уринарни инфекции.

Мечкино грозје - ФБ
УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ – УРИНАРЕН ТРАКТ – МЕЧКИНО ГРОЗЈЕ

Мечкино грозје има широк спектар на дејство

Антисептичко (спречува размножување на микроорганизми), антидијароик (против пролив), детоксикант (елиминира токсини), дерметик (сузбива болести на кожа и на поткожно ткиво), хемостатик (запира крварење).

Терапија со Мечкино грозје

Превенира и лечи тегоби во мочните органи, особено кај жените. Одлично оди во комбинација со корен од Глуварче, особено за сузбивање на рецидиви од уринарни инфекции. Помага против инфекции на бубрези, мочен меур и воспаленија на уринарниот тракт, зачестено и болно мокрење, а особено против песок и каменец во бубрезите! Во комбинација со други билки, лечи ноќна инконтиненција. 

Чај од мечкино грозје

Помага против зголемена простата, пролив, Дијабетес, вагинални инфекции, херпес и туберкулоза. Смирува, зајакнува и уцврстува иритирани и воспалени ткива, зајакнува бубрези и црн дроб, панкреас, за сузбивање на главоболки…

Како диуретик, помага во слабеење и во намалување на крвен притисок. Отклонува брчки, старечки дамки, хиперпигментација на кожа и други знаци на стареење на кожа.

Помага кај висок притисок - Мечкино Грозје
ПОМАГА КАЈ ВИСОК ПРИТИСОК

Билни рецепти со Мечкино грозје          

Чај за Уринарни тегоби

4 гр. сув лист Мечкино грозје се прелева со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 15 мин., потоа се процедува. Се пијат 3 вакви чаја на ден, меѓу оброците.

Чај за воспалена простата 

Мешаме по 30 гр. лист Мечкино грозје, лист Бреза и Коњско опавче и 10 гр. цвет Дивизма. 1 полна супена лажица смеса се проварува неколку минути во 2 дл вода. Стои поклопено 3 саата и се процедува. Се пие млако, 2-3 вакви чаја на ден, пред оброците.

Чај против воспаление на мочен меур

Правиме смеса од по 25 гр. лист Мечкино грозје, лист Маточина, корен од Валеријана и зелена Мајчина душица. 1 супена лажица смеса прелеваме со 2 дл зовриена вода, стои поклопено 10 минути и се процедува. Се пијат 1-3 чаши на ден.

Напомена

Приправки од Мечкино грозје не се препорачува на деца помали од 6 години, ни за трудници и доилки, а делуваат само во алкална (не кисела!!) средина. Доколку урината смени боја, тоа е нормална реакција.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови