Минерали кај дијабетес за кои ќе зборуваме денеска се: Хром и Магнезиум.
Хром
Хром зајакнува активност на Инсулин, при тоа намалувајќи го нивото на потребен инсулин за контролирање на нивото на шеќер во крв.
Според повеќе студии, Хромот може да спречи настанок на дијабетес тип 2 (отпорност на телото на Инсулин).
Вршени се клинички проби во ран стадиум на развој на дијабетес тип 2. Една група на пациенти добивала по 100 мгр Хром Пиколинат два пати на ден, а друга група 500 мгр Хром Пиколинат, исто така два пати на ден. Трета група добивала лажен (Плацебо) препарат.
По два месеци, кај групата која примала по 500 мгр Хром Пиколинат на ден, забележано е значително намалување на нивото на шеќер во крв, а тоа е знак дека нивниот организам поделотворно го користи инсулинот. По 4 месеци дојдено е до видно подобрување и кај групата која примала пониски дози.
Групата која примала плацебо лек немала никакви промени.
Според други испитувања, се дошло до ѕаклучок дека недоволна количина на хром во исхраната може да доведе до влошување на толеранцијата на гликоза, која може да се ублажи со земање на додаток на хром.
Во природна состојба, хром има во многу билки и зачини како Куркума и Пискавица кои многу се користат во кари. Треба да се внимава на внес на хром преку исхрана, инаку мора да се земаат суплементи.
Хромот е важен за метаболизам на масти, јаглени хидрати и протеини. Намалува висок холестерол во крвта. Помага против прекумерна тежина, одржува здравје на мозок и когнитивни функции, помага за одржување здравје на очи, штити од остеопороза.
Најдобри извори на хром во храната се: брокула, грозје, компир, лук, босилек, портокал, зелен грав, јаболка, банани.
Минерали кај дијабетес: Магнезиум
Хроничен недостаток на магнезиум резултира со слаби коски, висок крвен притисок, васкуларни заболувања и пореметен метаболизам на шеќери.
Утврдено е пониско ниво на магнезиум кај деца зависни од инсулин, во споредба со здрави деца. Ова води кон заклучок дека пониско ниво на магнезиум зголемува ризик од заболувања поврзани со дијабетес и може да биде директна причина за настанок на дијабетес.
Еден од почестите ризици со кој се соочуваат дијабетичарите е хипертензија. Многу испитувања укажуваат дека недостаток на магнезиум може да биде клучен фактор кој предизвикува кардиоваскуларни болести, вклучувајќи и хипертензија и артериосклероза. Повеќе истражувања покажале дека магнезиумот може да намали висок крвен притисок и подобри делотворност на инсулин кај постари особи.
Добри извори на магнезиум се банани, кајсии, кари, пченични мекици, интегрални житарки.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови