Кога се работи за НЕГАТИВНИ КАЛОРИИ – внимавајте со диетите!

Негативни калории – Што се тоа?

Постојат намирници кои можат да се јадат ,,без мерка“ односно колку што сакате. Едноставно, имаат премалку калории и телото веднаш ги троши.

Еве обичен пример – 50 гр Целер содржи 10 калории, исклучително малку во споредба со некои други намирници. Во тек на варење на храната, организмот троши енергија (калории) за да ја разложи внесената храна.
Ако изедеме 50 гр Целер, организмот ќе потроши 15 калории, значи додатни 5 калории. Ова се т.н. ,,Негативни калории“. Но, нема да јадеме само Целер, туку и други намирници со него, сам нема баш најдобар вкус.

Овошје, шеќер – калории и негативни калории

Овошјето со неверица го јадеме, затоа што сепак содржи шеќер, а некои видови и повисоко количество.
Сепак, главна состојка на овошјето е вода.

Чоколадо од 100 гр има околу 500 калории и многу поголема концентрација на шеќер во споредба со 100 гр овошје, кое содржи само 50 калории и неспоредливо помала концентрација на шеќер. Овој пример не води кон заклучок дека калории се калории, сеедно од изворот од каде доаѓаат.

На ум треба да имаме друга работа, имено ако изедеме 100 гр чоколадо, го јадеме за 2-3 минути. Тоа ќе ни предизвика замор, поради брз пад на енергија и бргу ќе ни се создаде желба пак да внесеме нешто слатко.
За внес на 500 калории од овошје, треба да изедеме 1 кг овошје. Овие калории ги има во само 100 гр чоколадо.

За да се изеде 1 кг овошје потребно е време за жвакање, па бргу ќе се заситиме и со само 500 гр овошје, дури и со помалку. Освен тоа, овошјето содржи и поголемо количество влакна и не предизвикува голем гликемиски скок! Истовремено, нема да се јави нагла потреба, како кај чоколадото, набргу потоа пак да изедеме 1 кг овошје.

Само да нагласиме, овошјето е пребогато со антиоксиданси, витамини, минерали и други хранливи состојки.

Дневен внес на калории

Возрасни луѓе треба да внесат барем 1200 калории на ден, не помалку од тоа. Ова е некој просек и варира од човек до човек. Не се препорачува поголем кусок на калории, односно не повеќе од 300 калории на ден. Организмот панично ќе реагира, поради ускратување на премногу енергија.

Реакцијата се сведува на успорување на метаболизмот за да сочува што повеќе енергија. Пропратни знаци на екстремно намалување на дневен внес на калории се хроничен замор, раздразливост, глад, деконцентрација, лош сон, анксиозност и многу други.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови