Неплодност – здрава исхрана, пчелни производи

Машка неплодност најчесто се јавува поради проблеми во производство на сперма или транспорт на семето: гојазност, генито-уринарни инфекции, оштетувања и повреди на делови од репродуктивниот систем.

Женска неплодност се јавува поради оштетувања на јајцеводи, изостанок на овулација, воспаленија, цисти, миоми, ендометриоза, пореметен менструален циклус.

Исхрана при неплодност

Добри намирници се: шпаргли, брокула, млеко, урми, манго, пудинг од ориз. Ким (прочистува маткаneplodnost-infertilitet-voved кај жени и генито-уринарен тракт кај мажи), куркума (подобрува интеракција на хормони и одредени ткива), црн ким (подобрува плодност).

Жените треба да јадат житарки како што е киноа за зајакнување на естрогенска и хормонална активност. Папаја и ананас ги зајакнуваат јајцевите клетки. Куркума помага врзување на Естроген и Прогестерон.

Намирници кои ја зголемуваат виталната енергија се многу важни, ја помагаат редовната овулација и го овозможуваат оплодувањето. Тука спаѓаат млеко, орешести плодови, семки од сусам и од тиква, мед, шафран, авокадо, свежо органско овошје и зеленчук, билни протеини од грав и грашок, цели житарки.

Матичен млеч

Овој пчелин производ е супер храна со висок удел на хранливи материи и изразито дејство против бактерии, воспаленија и слободни радикали.

Помага за оптимална хормонска рамнотежа и повисока плодност, поттикнува виталност, ги подмладува репродуктивните органи и така ги зголемува можностите за зачнување. Неговите анти-оксидативни и анти-воспалителни својства спречуваат оштетувања на репродуктивниот систем. Содржи фитоестрогени кои даваат благ поттик на плодноста.

Поволно делува во функционирање на половите жлезди, чува здравје на матка, јајце клетки и сперма, штити срце и крвни садови, успорува стареење. Исто така, регулира менструален циклус, промени во менопауза и климактериум, намалува воспаленија предизвикани од болести или повреди. Зајакнува имунолошки систем, намалува последици од контрацептивни пилули и хемотерапија, има анти-туморски својства.

Матичниот млеч е богат со белковини, аминокиселини, шеќер, липиди, витамини и минерали. Поттикнува делба на сите клетки во телото, им помага за брза регенерација и воспоставување нормална метаболичка работа, па така телесните ткива подобро функционираат.

Прополис

Делотворен е против неплодност поврзана со блага ендометриоза; се зема 2 пати на ден. Пчелните производи се земаат орално, најдобро во комбинација. Дозата е одреден на пакувањето, но сепак треба да се консултира матичен лекар.

Нуспојави на пчелни производи

Можни се алергиски реакции – отежнато дишење, отечени усни, јазик, лице и грло, дијареа со болки во желудник, стегање и свирење во гради, осипи, иритации, низок притисок.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови