Несоница – отежнато успивање и неодржување на сон.
Опис на проблемот
Доколку патите од овие појави и од неможност за повторно успивање после будење среде ноќ, ако прерано се будите наутро – патите од Несоница или Инсомнија.
Се јавува на различна возраст, но што сте постари, овие проблеми се поизразени. Не се работи за болест, но сепак е проблематична состојба. Може да предизвика нервоза и замор, лоша концентрација, недостаток на енергија и др. Ако потрае со месеци, може да предизвика проблеми и на севкупното здравје.
Несоница – поделба
Примарна несоница
Не е поврзана со здравствени тегоби и промени и често е последица на бучава, светлина во соба каде спиеме, премногу кофеин, честа промена на место на престој и спиење, стрес, долго седење пред ТВ и преокупација со лоши вести и сл.
Секундарна несоница
Е последица на физички и психички болести, на пример депресија, анксиозност, астма, апнеја, дијабетес, артритис, срцеви заболувања…
Доколку несоницата потрае само неколку дена се работи за акутна, ако трае со недели и месеци тоа е хронична несоница.
Колку часа треба да спиеме?
Општо прифатено стручно мислење е дека 7 саата ноќно спиење се доволни.
Има луѓе кои и по 5-6 саати се будат сосем одморени. Доколку немаат никакви психофизички проблеми, не се работи за несоница.
Акутна несоница
Полесно се совладува.
Елиминирајте причинители за стрес или сменете ги делумно животните навики! Внимавајте со внес на кофеин, никотин, алкохол, газирани пијалоци па дури и некои видови чаеви со стимулативно дејство- зелен чај, црн чај.
Чаеви кои помагаат добар сон се Камилица, Коморач, Лаванда…
Исхрана
Избегнете доцни оброци. Доколку сте гладни, земете некоја овошка (јаболка, вишни, банани, јагоди). Избегнувајте тешка и мрсна храна и зачинета и кисела храна. Внесувајте со храната доволно Триптофан – аминокиселина која стимулира производство на природен мелатонин и серотонин, тоа се хормони кои организмот ги произведува ноќе за полесно заспивање и одржување на сон.
Внесувајте магнезиум и Б витамини.
Физичка активност
Најдобро е тоа да биде на свеж воздух во природа. Доволно е само 30-45 мин. Ова не се прави непосредно пред спиење, создава спротивен ефект.
Рецепт за вино со Валеријана
Во 2 дл бело вино ставете 50 гр исецкан корен Валеријана и оставете ги 1 месец. Процедете. Земајте 20 капки тинктура пред спиење. Помага и против хипертензија – земете 10 капки на празен стомак.
Кај акутна несоница избегнувајте
Касно гледање ТВ, игрици пред спиење, користење на компјутер, таблети и мобилни телефони во кревет…
Легнување во кревет со драстична и честа разлика исто така предизвикува несоница. Легнувајте секогаш во релативно исто време!
Спиење после ручек исто така може да биде причина за несоница. Ако сте сепак многу уморни, одспијте само 30-тина минути!
Хронична несоница
Откријте ги медицинските проблеми, добијте дијагноза на болеста од лекар. Несоница може да настане и како последица на пиење на некои лекови. Посоветувајте се со лекар за евентуаално друг лек или природно средство против тегобите.
Техники на дишење и опуштање помагаат против несоница! Најчесто се тоа медитација и техники на дишење. Помага и тивка релакс музика, топла купка пред спиење, лесна прошетка во природа и др.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови