Орев или на латински Juglans. Се користи на разни начини – со колачи, пецива, салати, балзами…
Опис, својства, состав
Јадрото содржи 65% масло, протеини, јагле-хидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б1 и Б2 кои на телото му даваат енергија и основни елементи за половите жлезди, витамин Ц и железо. Богат е со Цинк, важен елемент за сексуална активност и здрава простата.
Младите лисја се исто така лековити, како и младите плодови, а и незрелиот плод, помагаат против повеќе болести. Најдобро е да се берат на почеток на Мај.
Дрвото се користи за изработка на мебел, за боење…
Орев – здравствена корисност
Се користи за инфицирани рани, кожни болести и воспаление на око како балзам и како купка. Ореовото масло е добро за нега на коса и заштита од изгореници од сонце. Познато е неговото лековито дејство за чистење на крв, за лечење на белодробни болести, подобар вид, зајакнување на мускули…
Природни рецепти со орев
Орев како афродизијак
Во комбинација со мед, еднакви делови мед (најдобро костенов мед) и сомелен орев, е добар афродизијак; се земаат 3 пати на ден по 2 супени лажици смеса, 3-4 недели. Смесата е добра и против висок крвен притисок и главоболки.
Чај од млади лисја орев
Овој чај, засладен со мед, го зајакнува и чисти телото, добар е против тегоби со варење, гихт, крварење на забното месо, гнојни осипи, дебелина и вагинален исцедок. Лисјата се берат во Јуни-Јули и најдобро е да се користат во свежа состојба, тогаш се најлековити.
Мед и ореви
Млади зелени ореви: во комбинација со мед даваат смеса пребогата со витамин Ц и други лековити состојки, кои особено благотворно делуваат кај слаби и болешливи деца. Зрелите јатки се полни со масло, се јадат свежи, содржат многу Омега-3 масни киселини, кои намалуваат лош холестерол во крвта.
Орев против болки
Против болки: во 0,5 л ладно цедено маслиново масло ставаме 75 гр ситно исецкани млади лисја орев и 5-6 ситно издробени лисја ловор; стои во затворена стаклена тегла на топло, но не директно на сонце, 30 дена. Потоа се процедува. Се мачка на болни места (зглобови и сл.).
Орев кај анемија и исцрпеност
Правиме смеса од 0,5 кг мед, 0,5 кг сомелени јатки орев и сок од 1 лимон. Се зема по 1 кафено лажиче на секои 3-4 саата.
Рецепт за чир на желудник
Во 2 дл зовриена вода ставаме 20 гр сомелени ореови јатки, мешаме добро, процедуваме и по 3-4 мин. додаваме 1 супена лажица мед. Се зема по 2 супени лажици, 3 пати на ден, пред главните оброци.
Орев за здрава штитна жлезда
Младите зелени ореви се богати со јод и тирозин, кои се основни градбени елементи на хормонот на штитната жлезда. Масло од зелени оревчиња покачува ниво на тироксин, што е и научно докажано.
Овој домашен лек е ефикасен против хипотиреоза!
Мешаме еднакви делови мелени зелени оревчиња (со големина на лешник) со мед; стои на темно место 30 дена. Се зема по 1 кафена лажичка на ден, наутро на гладно.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови