Оригано или на лат. Origanum vulgare е многу повеќе од зачин за Пица! Повеќето луѓе и не знаат за неговото лековито дејство.
Оригано – опис, својства и состав
Ориганото е богато со антиоксиданси, влакна и Омега-3 масни киселини (чуваат срце). Содржи многу витамин А кој одржува здрави очи и имуно систем, витамин Ц и Е, и витамин К кој спречува затнување на крвожилниот систем. Содржи минерали – бакар, цинк, железо, манган, магнезиум, калиум и калциум. Има анти-бактериски и анти-воспалителни својства. Содржи Карвакрол, кој има антимикробни својства.
Примена
Дишни органи: одамна се користи против синуситис, болки во грло, настинки и грип, шири бронхии, помага искашлување. Против астма помага инхалација со појак чај од оригано, чисти синуси и носни канали, а неговото анти-вирусно дејство бргу олеснува тегоби на горни делови од дишни патишта.
Поттикнува потење и помага детоксикација на организмот, намалува слуз во бели дробови настаната од инфекции.
Аналгетско дејство: делува на широк спектар болки, на пр. во крсниот дел, на главоболки, смирува нервен систем и помага против мигрени, со кои доаѓа и чувство на мачнина и нагон за повраќање.
Масло од оригано: содржи многу карвакрол и делотворно е против грип и настинки. Исто така е делотворно против болки.
Природни рецепти со Оригано
Чај од Оригано
Во 2 дл зовриена вода ставаме 1 полно кафено лажиче сув исецкан лист оригано, стои поклопено 5 мин. и процедуваме. По 10 мин. се додава 1 кафено лажиче мед.
Чајот има анти-канцерогено дејство: содржи тимол и рузмаринска киселина, а тие штитат клетки од дејство на слободни радикали. Содржи полифеноли, флавоноиди и антоцијанини, па со редовно пиење на чај од оригано се создава добра превентива од развој на рак и тумори.
Содржи и фитонутриент Кверцетин, кој успорува раст на клетки на рак, особено рак на дебело црево.
Содржи и полифенол Карносол, кој намалува ризик од настанок на рак на простата, меланом, рак на дојка и леукемија!!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови