Орхитис е вирусно или бактериско воспаление на еден или на двата тестиса.
Тестисите се машки полови жлезди кои произведуваат сперматозоиди, кои најпрво се збираат во пасеменик, па преку поширок канал – кој е дел од семеводот, низ простатата и мочниот канал се исфрлаат од телото.
Не толку чест како што е Епидидимитис – инфекција на Пасеменикот, но Орхитис е поозбилно воспаление – може да предизвика намалена функција на половите и на репродуктивните жлезди до стерилитет.
Доколку е вирусно, најчесто се работи за Мупус – Заушки.
Од бактериските инфекции, најчеста е Ешерихија коли, Стафилокока и Стрептокока или од Гонореа и Хламидија (полни болести).
Причина може да биде и операција, долго користење на катетер, ризични сексуални односи, зачестени инфекции на Урогениталии.
Орхитис – симптоми
Оток, црвенило, чувство на тежина во тестиси, болка во тестиси и во препони, болно уринирање и ејакулација, зголемена температура, понекогаш и крв во сперма.
Мора да се посети уролог – ако има отежнато или пречесто уринирање, пецкање при уринирање, притисок и/или црвенило на тестиси, жешки тестиси.
Орхитис – дијагноза
Анамнеза, клиничка слика, тест на урина и крв, ултразвук.
Лечење
Орхитис предизвикан од бактерии: се лечи со антибиотици; доколку е вирусно, антибиотиците се бескорисни, Др даваат аналгетици и нестероидни лекови против болки.
Мора да се лечи, за да се спречи тестикуларна атрофија (намалување на обем на тестиси).
Многу да внимава помладата популација која сеуште нема деца!!
Фитотерапија:
1 рамно кафено лажиче Црвоточина (Пречица- Lycopodium clavatum) стои 30 сек во 2,5 дл врела вода и веднаш се процедува. Овој чај ублажува воспаленија.
НЕПЛОДНОСТ- СТЕРИЛИТЕТ:
Машка неплодност: наутро и навечер по 2 дл чај од црвен Здравец – потикнува продукција на сперматозоиди, а се пие и чај од микс Арника, Бреза, Коприва, Кантарион, Ајдучица; секој втор ден се пие по 2 дл Купиново вино и чорба од Коприва.
Препорака
За повеќе информации посетете ги следните веб локации:
- https://krenizdravo.dnevnik.hr/zdravlje/musko-zdravlje/upala-testisa-orhitis-uzroci-simptomi-i-lijecenje
- http://www.msd-prirucnici.placebo.hr/msd-prirucnik/genitourinarne-bolesti/bolesti-penisa-i-skrotuma/orhitis
- https://www.stetoskop.info/bolesti-i-stanja-kod-muskaraca/orhitis
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови