Отровни билки од нашата околина кои треба да ги знаете се:

Отровни билки:

Олеандер (Nerium oleander)

Многу отровна билка!

Содржи кардиотонични гликозиди. Најотровни се листовите. Често се одгледува по бавчи, градини и тераси. Мора да се држи подалеку од деца! Првите знаци на труење се мака, главоболка, повраќање, пореметена работа на срце, дури и смртен исход.

На затруената особа и се дава активен јаглен, се става во положба на мирување и веднаш се повикува брза помош!

Олеандер. Oleander
ОЛЕАНДЕР

Фикус (Ficus elastica)

Доколку дете допира лисја на Фикус доаѓа до иритација на кожата, пецкање и јадеж. Мора да се измие со ладна вода и не се става крема. Доколку парче лист се проголта, нема да може да дише.

Се мие грлото и веднаш се оди на лекар.

Фикус. Ficus
ФИКУС

Мразовец – билковен арсеник – Colchicum automnale

Личи на Сремуш и често доаѓа до грешка. Мора да го бере добар познавач на билките! Мразовецот содржи алкалоид Колхицин.

Труењето, после 12 часа латентен период, минува низ три фази: најпрво се јавува мачнина, повраќање и пролив. Во втората фаза, која се јавува после 1-3 дена, се јавува срцева слабост, аритмија, бубрежна слабост, оштетување на црниот дроб, тешкотии со дишење, пореметeна функција на коскена срж, намалување на леукоцити. Третата фаза настапува по 5-7 дена, се зголемува бројот на Леукоцити, а тоа е знак дека доаѓа до опоравување.

Мразовец. Mrazovec
МРАЗОВЕЦ

Глицинија (Wisteria sinesis)

Ова е вид на Бршлен, цути на пролет. Големите мирисни цветови се гроздести, најчесто со сина, бела или црвена боја. Често има цели куќи обраснати со Глицинија. Бршлените се по правило отровни, затоа треба да се носат заштитни ракавици и добро миење на раце доколку се дојде во допир со нив (лисја и цветови).

Глицинија. Glicinija
ГЛИЦИНИЈА

Напрсток – Пустикара – Digitalis purpurea

Цветовите имаат ѕвонеста форма, најчесто со бела, розеникава или виолетова боја. Фармацијата ја користи оваа билка за производство на лекови за срце. Но, доколку се проголта било кој дел од билката, во најблаг случај доаѓа до мачнина, несвестица, дијареа, грчеви, а во потешки случаеви и до пореметена работа на срце.  

Напрсток. Naprstok
НАПРСТОК

Хортензија (Hydrangea macrophylla)

Цвета од пролет до есен. Има големи цветови со живи бои, најчесто бели, црвени, сини и виолетови (зависи од составот на земјата во која расте). Многу е отровна, бргу по голтање се јавува осип и јадеж на кожата, отоци, мачнина, засилено потење. Во потешки случаеви, ако не се примени терапија на лечење, може да дојде до кома и проблеми во работа на срцето.

Хортензија. Hortenzija
ХОРТЕНЗИЈА

Момина солза – Бисерче – Convallaria majalis

Отровна билка која сепак се користи во фармацијата. Често се сади како украсна билка, цвета од пролет до есен. Содржи Хетерозиди кои влијаат на работата на срцето. Отровот предизвикува мачнина, вртогла вица, повраќање, болки во уста и стомак, дијареа, грчеви. Билката има црвени отровни плодови кои созреваат во Септември. При допир со цвет, стебленцата или коренот на билката рацете мора веднаш добро да се измијат, така се спречува труење. 

Момина солза. Momina solza
МОМИНА СОЛЗА

Хризантема (Chrysanthemum spp.)

Многу отровна билка! Често на задушници со неа се украсуваат гробови. Предизвикува јадеж и отоци. Зајаците не ја јадат, затоа некои луѓе во бавчите ја садат.

Хризантема. Hrizantema
ХРИЗАНТЕМА

Азалеја – Рододендрон (Azalea ferruginea (L.) Kuntze – Rhododendron ferrugineum)

Азалеја е жбунесто цвеќе. Грмушките имаат халуциногено и лаксативно делување. Симптоми на труење се повраќање, осип на кожа, главоболка, замаглен вид, слабост во мускули.

Азалеја - Рододендрон. Azaleja - Rodendron
АЗАЛЕЈА – РОДОДЕНДРОН

Нарцис (Narcissus poeticus)          

Нарцис е предвесник на пролетта. Најпознат е белиот Нарцис. Од него се прават парфеми. Ако се проголта луковица од билката доаѓа до грчеви, дијареа и повраќање, со пропратни симптоми како главоболка, заматен вид и мускулна слабост.

Нарцис. Narcis
НАРЦИС

Напомена: Препорачливо е со билките внимателно да се работи, особено тие кои не ги познаваат, затоа е потребно да се носат заштитни ракавици и во секој случај добро да се измијат рацете! 


Ако ве интересираат хербални (билни) рецепти, можете да ги најдете под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови