Очајница, Мацина Трева или на латински Marrubium vulgare е растение кое може да се најде покрај ѕидови на дворови, сиромашни или напуштени ниви и на суви места. Таа е повеќегодишно растение – каде сте ја береле таму ќе ја најдете и следната година.
Својства
Помага кај жени кои сакаат да забременат, против стерилитет. Таа е женска билка и влегува во составите на многу препарати за жени, заедно со ајдучка трева, вирок (бисерок), здравец.
Мацина трева исто така помага за балансирање на хормоните, нередовен менструален циклус, помага кај астма, бронхит и проблеми со белите дробови.
Има лут и горчлив вкус. Има и вид кој се нарекува Marrubium peregrinum, кој исто така може да се употребува за наведените болести.
Билни рецепти
Чај од Очајница
1 супена лажица билка се прелева со 200 мл вода. Стои 20 мин. па се процедува и се пие. Ако се користи за стерилитет се пие овој чај после и пред циклусот, а за време на циклусот се паузира. Се пие така се додека не се забремени, а кога ќе се забремени се прекинува. Може и да се направи комбинација од билки за женски стерилитет и покрај мацината трева да се додаде ајдучка трева, бисерок, здравец, пискавец (грчко семе).
Тинктура од Очајница
100 гр билка се потопуваа со 1 литар ракија. Стои 15 дена со секојдневно проматување. Се процедува и се зема по 15 капки на коцка шеќер, 3 пати дневно пола саат пред јадење, за женски стерилитет.
Се прават и домашно направени бонбони кои одлично помагаат против кашлица.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови