Паткино гнездо (Волујак, Воловски јазик) или на латински Аnchusa officinalis.

Опис, својства и состав

Едногодишна или двогодишна билка, со преубави љиљакови цветови и плишани издолжени влакнести лисја. Цвета од Мај до Септември. Цветот има пријатна миризба. Цветот е хермафродит и само пчели можат да го опрашат. Расте околу 40-70 см во висина.

Расте на умерено кисела земја. Доколку се одгледува во бавча, сака умерена влага на почвата. Коренот е вретенест. Билката ја напаѓаат пајаци и други штетници – габички. Се бере цела билка во време на цутење, заедно со коренот. Се иситнува и се суши на топло место во сенка.

Корисност

Млади лисја се јадат како замена за спанаќ. Во народната медицина слабо се користи поради тоа што билката ја напаѓаат габички (рѓа) на стебликата. Искуствата во лечење на катар (бронхијална слуз) укажуваат на друг вид паткино гнездо Echium vulgare – Лисичина, која за подобар ефект се меша со други билки.

Лековитост на паткино гнездо

Се покажала како добра помош при лечење на мали сипаници, ублажува болки од модринки и ревматски болки. Помага против убоди на инсекти и против пролив. Олеснува кашлица и помага во лечење на жолтица, како и проблеми предизвикани од камења во жолчка и некои болести во уринарниот тракт.

Добар е анти-депресант, анти-дијареик, диуретик, експекторант, хомеопатик, козметик, лаксатив и стимуланс, како и за запек, напнатост, болести на срце, карциноми, меланхолија, против секрет, за испирање на заболени очи и за стимулирање на мокрење.

Рецепти со паткино гнездо

Чај од паткино гнездо

Ладен чај од паткино гнездо делува диуретички, а врел чај тера на потење. Чај од коренот е добар прочистувач на крв и за искашлување

Сок

Свежо исцеден сок од зелена билка се пие разреден со вода (за горенаведените тегоби).

Маст

За надворешна употреба се прави маст од билката со маслиново масло и пчелин восок, за чиреви и исеченици.

Вино

За болки во грб и крсниот дел се користи вино во кое е варена билката.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови