Пелин или на латински Artemisia absinthium е голема разгранета билка, со сребрени лисја, специфична миризба и горчлив вкус.

Состав

Содржи тујони и изотујони, кои убиваат возрасни паразити и нивни јајца. Содржи и Сантонин, познат лек за болести предизвикани од паразити, како и Сесквитерпен – ги ослабува мембраните на паразитите и лесно ги убива.

Кога се бере Пелин?

Се бере во период Јули-Август, пред да процвета. Се користи коренот и листот, свежи или сушени во ладовина.

Од него се спрема прав, вино, ракија, тинктура и екстракт.

Корисност и намена

Се зема строго според пропишаните дози. Многу е горчлив и може да се меша со мед или со сок, а се пие и како капсула. Умерени дози се безопасни, многу е лековит, како и приправките од него. Особено против паразити и тешкотии со варење. Паразитите се причинител на многу заболувања. Прочуена е т.н. Антипаразитска програма на Др Хилде Кларк.

  • Горчливиот вкус доаѓа од состојката Абсистин, кој делува на варење и на циркулација
  • Се користи и против висока температура и маларија, подобар е од кининот кој е и токсичен
  • Помага слабеење и против дијабетес
  • Има изразено тонизирачко дејство и отстранува телесна слабост
  • Дејствува против воспаленија на бубрезите
  • Кај жените, потикнува и регулира менструација
  • На група испитаници заболени од Кронова болест им била давана терапија со Пелин наместо стероиди и квалитетот на животот им се подобрил
  • Се користи и за заштита на билки од наметници, стои во вода 2 дена и се прска.

Рецепти со пелин

Чај од Пелин: 1 кафено лажиче пелин прелеваме со 2 дл зовриена вода, стои 15 мин. и процедуваме. Се пијат 2-3 чаши на ден, 5-6 дена.

Лековито вино од пелин: пола рака пелин ставаме во 1 л бело вино, да одстои 2 недели. Се процедува. Се зема по 1 мала ракиена чашка на ден, 3-4 дена, за подобар апетит или против глисти.

Отворени рани, нагмечено ткиво: се става облога од одварок од пелин со натопена крпа.

Грип: 2 пати на ден се јаде 1 гр пелин во прав со 1 кафено лажиче мед.

Внимание: 
Пелин не смеат да користат трудници, доилки и кој има крварење во желудец или во внатрешни органи.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови