Перуника или на латински Iris germanica.
Опис, својства и состав
Името го добила од старословенскиот древен бог Перун и неговата жена Перуника, латинското име го добила по грчката божица на виножитото Ирида.
Постојат повеќе од 200 вида Перуника, најчесто со сина боја и жолти или бели точки. Ја има и во други бои – бели, розе, љиљакови, жолти и др.
Повеќето сорти цветаат во период Мај-Јули. Најдобро цветаат изложени на сонце. Билка постара од 2 год. може да се користи во лековити намени.
Во период Август-Октомври се збира ризомот; се лупи и веднаш се става во ладна вода да не потемни. Потоа се суши 7-8 дена на сонце, потоа во ладовина на место со провев. Сув корен се меле во прав и има пријатна миризба.
Корисност на Перуника
Вообичаен начин на користење е 1 гр прав да се стави во јадење како зачин или се прави чај.
Рецепт за чај од Перуника
½ кафено лажиче прав се прелева со 2 дл ладна вода, стои така цела ноќ, наутро се процедува и малку се загрева. Се пие 2 пати на ден по 1 ваква чаша.
Чајот подобрува работа на црн дроб и жолчка, спречува повраќање и мигрена настаната од желудечни тегоби. Помага при изостанок на циклус, горушица и хронично воспаление на желудник и на црева, како и на органите за мокрење. Помага и против хронична кашлица, астма, емфизем.
Останати намени
На мали деца на кои им растат заби се дава да џвакаат парче корен – ублажува јадеж и болки.
Свежите лисја содржат витамин Ц. Се користат во салати со зеленчук. Издробен свеж лист може директно да се стави на кожа како облога против изгореници и чиреви.
Токсини од дигестивниот тракт се чистат со јачменова вода и ½ кафено лажиче прав од корен на Перуника. За потечени жлезди се користи меко сварен корен, се става директно на нив.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови