Пневмонија или воспаление на бели дробови e инфективно заболување на долните длабоки делови на системот за дишење; најчеста е кај постари лица и деца до 5 години. Предизвикувачи се разни видови бактерии, но и микроорганизми како што се вируси и габички!
Се манифестира со силна и долготрајна болка во градите, грозница, кашлање, температура, отежнато дишење.
Пневмонија – симптоми
Симптомите зависат од предизвикувачот на воспалението. Слични се на некои помалку опасни состојби, како што се грип и настинка, па состојбата често не се прифаќа за сериозна од страна на болниот! Мора да се оди на лекар за дијагноза!
Докторите обично даваат терапија со антибиотици, лекови за искашлување, против грозница и болки!
Народна медицина
Терапија со приправоци од билки се само дополнителна терапија!!
Најдобро помагаат билки со антивоспалително дејство – Ехинацеа, Кокотец… За воспаленија на бели дробови се користат и: Очајница, Плуќњак, Добричица, Тегавец, Бозел, Коприва, Липа, Подбел, бел Слез, Глуварче…!!
Рецепт
Мешаме по 30 гр. Коприва – Бозел – Плуќњак и по 20 гр. Тимијан – машки Тегавец, бела Горчица, Јагорче, Подбел, Имела, Кантарион; 10 гр. смеса вариме 2 мин. во 1 л вода, и по 45 мин. процедуваме. Во сосем млак чај се додава 1 супена лажица мед и сок од 1 лимон. Се чува во шише, се пие цел ден.
Сируп
1 л. сок од Тегавец мешаме со 2 кг кафеав шеќер; крчкаме на тивко 2,5—3 саата, да згусне и сипаме во тегла. Затвораме и ставаме во фрижидер. 1 месец се пие 3 пати по 1 супена лажица на ден.
Вирусна Пневмонија
Во клиничката слика постојат некои специфичности, затоа спаѓа во редот на атипични воспаленија на белите дробови. Ретко има фатален исход, но треба да се внимава со мали деца и бебиња, луѓе постари од 65 г., лица со хронични заболувања и ослабнат имунитет.
Причинители
Се главно вирусите на грип, аденовируси, риновируси; особено период пролет или есен, кога има нагла промена на надворешната температура. Ризичен фактор се и: пушење, конзумирање алкохол, загаден воздух, неухранетост, кардиоваскуларни болести, присаство на ХИВ вирус…!
Во непосредни причинители спаѓаат: настинки, инфекции на горните дишни патишта, грип и болести кои го слабеат имуносистемот!
За разлика од бактериското, вирусното воспаление на бели дробови се развива постепено, најчесто како инфекција на горните дишни патишта, пропратена со течење нос, сува кашлица, главоболка, болки во мускули, температура, малаксалост, замор.
Поради намалена одбрамбена способност на организмот, во 10% случаеви доаѓа до здружување на батериската и вирусната инфекција. На стетоскоп се слуша „крцкање“ во белите дробови како последица од присуство на вода во алвеолите; но, прецизна дијагноза се утврдува со ртг на плуќа и со анализа на крв, која ќе покаже дали има зголемен ниво на Леукоцити и седиментација.
Терапија
При вирусна инфекција, терапија со антибиотици нема терапевтско дејство и важно е да не се земаат антибиотици на своја рака!!!
Иако болеста може да се третира со антивирусни лекови, најчесто се советува мирување, внес на доста течности и правилна исхрана!!
Добра превентива е редовно вакцинирање против грип, темелно миење раце, непушење, правилна исхрана, контролирање на стрес, редовна умерена физичка активност, умереност со алкохол и редовно и доволно спиење!!
Пневмонија – Исхрана
Треба да се јаде: Јачмен, црна Рибизла, Боровинки, Лук, Цвекло, Брусница, Кромид, Празилук, Сливи, Ѓумбир, Алги, Брокули, Авокадо, печурки Шитаке, Тиква, јаткасто овошје, семиња. Грав, Шпаргли, сок од Лимон, Аронија, плод Шипка, сок од Грејпфрут и од Портокал, Јаболки, Малини, Круши; да се пијат билни чаеви, малку црвено вино, сок и вино од Капини, Јогурт…
Да се избегнува: шеќер, производи од бело брашно, газирани пијалоци, конзервирана храна, месни преработки, рафинирани масла, маргарини (трансмасти!). Најдобра е исхрана на био-основа, а добро годи и 2-3 дена да се пијат само сокови од зеленчук и овошје (на пр. сок од 5 моркови и 1 лимон).
ФИТОТЕРАПИЈА – Пневмонија:
- Во 2 л. вода 30 мин. вариме 220 гр. Јачмен, потоа се процедува. По 20 мин., ставаме во течноста сок од 2 лимона, и 2 супени лажици мед; се пие меѓу оброци во 1 ден.
- Смеса од по 4 супени лажици Тегавец, Жалфија и Дивизма и по 6 супени лажици Плуќњак и Ајдучица; 2 супени лажици смеса се варат 3 мин во 3 дл вода; се процедува по 5 мин. Се пие поделено на 3 дела, пред јадење.
- 1/1 смеса Тимијан и Тегавец, 1 супена лажица смеса стои 3 мин. во 2 дл врела вода, процедуваме; додаваме 1/4 лимон. Чајот се пие жежок и во мали голтки!!
- Сируп за сува кашлица: ситно сецкан детоксиран портокал, го посипаме со шеќер и го вариме 30 мин во 2 дл вода; го тргаме од огин и по 5 мин ставаме 7 капки Прополис. Се зема 1-2 супени лажици сируп при напад на кашлица.
- Во 4 дл врела вода ставаме 50 гр. корен од Гавез, по 8 ч. се процедува. Се пие 3 пати на ден, после секој оброк, со 1 кафена лажица мед и сок од ¼ лимон.
- Вино од Гавез: во 1 л. вино ставаме 4-5 коренчиња Гавез; стои 6 недели и се процедува. Се пијат 2 дл на ден.
- Сируп од Тегавец: во машина за месо мелеме свежи млади лисја Тегавец, процедуваме низ дупла газа и во 0,5 л. сок умешуваме до изедначена маса 0,5 кг Багремов или Липов мед. Во тек на 1 ден се земаат 4-5 супени лажици сируп со по 1 кафена лажица сок од лимон. Се чува во фрижидер.
- 3 супени лажици смеса од 1/1 Подбел, Јагорче, Бозел, бел и црн Слез, Мајчина Душица, Милодух, Тегавец, Жалфија, планинска Чубрица (Saturea montana), Враниловка, Шипак плод и Плучњак; во 6 дл врела вода и по 30 мин. се процедува. Се дели на 3 чаја, по 1 пред оброците, засладен со малку мед.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови