Скочен зглоб – на 1 или 2 место по оптеретеност?
Доколку во тек на денот сте многу активни или се занимавате со некој спорт, сигурно сте осетиле некогаш болка во зглобот. Глуждот апсорбира високо ниво на сила. Кога ќе се најде во неприродна положба, доаѓа до прекумерно оптеретување на скочниот зглоб.
За среќа, не сите повреди на скочниот зглоб бараат медицинска нега.

Причини за болка во скочен зглоб

Шинатост или дисторзија на глужд

Шинатост или дисторзија е спортска повреда во која доаѓа до повреда на лигаменти. Најблага повреда е истегнување на лигаменти, потоа делумно кинење, а најтешка повреда е потполно кинење на лигаменти.
Можеби ќе се појават модринки и оток, а местото да биде осетливо на допир.

Шинатост може да биде блага или силна, колку е отокот и подливот поголем, толку е повредата поголема. Доколку е отокот многу голем и не можете да застанете на таа нога, најверојатно се работи за скинати лигаменти.

Третман на скочен зглоб

Третманот вклучува одмор т.е. поштеда на ногата, ставање на ладни облоги и завои и држење на зглобот во поткрената положба. Лед на зглобот се држи 10-15 мин., потоа зглобот се обмотува со еластичен завој и се мирува. Бандажирање со еластичен завој или за тоа специјални бандажери, ќе го стабилизира зглобот. Ова се прави неколку недели, па и месеци по повредата, зависно од степенот на повредата.

На почеток, третман со лед се прави секои 2 часа, за да се спречи (намали) оток и хематом. Ако е отокот голем и со крвни подливи и болна осетливост на коскената испакнатост на скочниот зглоб и неможност да застанете на ногата, мора да се направи рендген снимка за да се утврди дали има скршеница.

Стапало и скочен зглоб

Стапалото е веднаш под скочниот зглоб и тоа исто така може да биде извор на болки во зглобот. Ако имате висок лак на стапалото, тоа може да ја промени механиката на стапалото, а тоа води до промена на механика во зглобот. До слични последици може да дојде и од рамни стапала.

Фрактура на глужд

Ако се појави болка по паѓање или ако глуждот го удрите во нешто, а се појави оток и болка која не поминува, може да се работи за фрактура. Одете на лекар, веројатно ќе мора да се сними на рентген или да носите гипс за да ги заштитите коските и да ги оставите да зараснат.

Стрес фрактура на глужд

Многу луѓе имаат напори и оптеретување на скочните зглобови, особено спортистите. Најчесто одат на магнетна резонанца по појава на оток, за да им се константира пукнатина на скочната коска, позната како стрес-фрактура. Настанува од прекумерна употреба и преоптеретување на коската.

Артритис на скочен зглоб

Артритис е хронична состојба која предизвикува болки во целиот зглоб. Обично зафаќа зглобови на стапалата и на скочниот зглоб. Заедно со болката може да почувствувате и вкочанетост.

Остеоартритис на скочен зглоб

Остеоартритис е форма на артритис која значи дека имате оштетување на перничестите рскавици во скочниот зглоб. Со триење на коска со коска болката со време се влошува.
Вежбање и намалување на телесна тежина, може да помогнат во одстранување на овој притисок од зглобот.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови