Подабиче или на латински Teucrium chamaedris успева блиску до море и на планини, на ридести ливади, пасишта, дабови и борови шуми.

Опис

Цвета од Јуни до Септември, се берат крајните надворешни гранчиња со цвет и лист. Има раскошни розеникави, поретко бели, цветови во гроздест букет, сите завртени на една страна! 

Подабиче – својства и состав

Лековит е надземниот дел во фаза на цутење. Многу е богата со танини – од таму и е и горчливиот вкус, лутеолински флавоноиди, етерично масло, дитепени…

Намена

Со редовно пиење на чај од Подабиче, жолчката, црниот дроб и панкреасот работат многу подобро. Намалува ниво на шеќер, подобрува имунитет, отклонува бубрежни тегоби и грозница, потикнува потење. Се препорачува по прележани исцрпувачки болести, кај неухранети особи, како и на заболени од хроничен бронхитис, реума и костоболка.

Болки во коските
БОЛКИ ВО КОСКИ

Чај од Подабиче

Содржи многу витамин Ц и состојки со силно анти-бактерицидно дејство и затоа се користи за испирање на уста и освежување на здив. Се препорачува и за вагинални испирања и превенција на засилен секрет.

Внимание: при користење на билката мора да се почитуваат препорачаните дози! Во спротивно, кај осетливи особи може да предизвика симптоми налик на Хепатитис!

Чај за внатрешна употреба

Ставаме 1 кафено лажиче билка во 2 дл зовриена вода. Стои поклопено 10 минути, потоа се процедува. Се пие незасладен, пред јадење, 2-3 чаја на ден.

Чај за надворешна употреба

2 рамни супени лажици билка прелеваме со 0,5 л. зовриена вода. Стои поклопено 30 минути, потоа се процедува. Со проладен чај се испира оштетена кожа и слузокожа.

Вино од Подабиче 

Подабичето е делотворно и против кожни инфекции и се препорачува Вино од Подабиче.

Рецепт: Во 1 л црвено вино ставаме 200 гр билка и оставаме да одстои 8 дена. Се проматува по еднаш на ден. Виното се процедува и се користи за испирање на рани, против слабокрвност и општа слабост.

Кожна инфекција
КОЖНА ИНФЕКЦИЈА


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови