Полипи во бешика настануваат од патолошко растење на ткиво, тоа се бенигни израстоци на ѕидот на мокрачната бешика. Овој абнормален раст не е сосем објаснет; понекогаш процесот е брз и зафаќа и други органи.

Опис на здравствениот проблем

Заболуваат најчесто мажи постари од 40 години. На појава на полипи влијаат и инфекции, акутни и хронични болести кои не се правовремено лечени, лоша исхрана, иритација на бешика или повреди.

Пушењето е исто така ризик фактор, како и некои хемикалии кои се користат за производство на бои, текстил, на кожа и гума… сите се доведуваат во врска со настанок на рак на бешика.

Симптоми на полипи во бешика

Симптомите се болки при мокрење, крв во урина, зачестено мокрење и итна потреба за мокрење!  
Пробајте со билна терапија, пред да се одлучите за операција.

Билки кои помагаат кај полипи во бешика

Масло од Темјан

Темјаново масло добро блокира раст на туморски клетки во бешика! Активните состојки уништуваат само штетни клетки, а здравите не. Се користи малку разредено со маслиново масло, за масажа на долниот дел од стомакот.

Лути пиперчиња

За одстранување на бенигни израстоци во бешиката и другите органи добро се покажала лута пиперка – содржи вредна состојка Капсаицин! Редовна употреба зајакнува капилари и забрзува циркулација и така телото полесно се ослободува од полипи. 

Лист Малина кај Полипи во бешика

Влегува во состав на многу смеси кои помагаат лечење на кардио-васкуларни, желудочно-цревни, менструални и хормонски пореметувања: ефикасна е и за намалување на полипи!

Помага чај од лист Малина – 1 лажиче на 250 мл жешка вода.

Ангелика

Мешаме по 25 гр Ангелика и Коприва; 1 лажиче смеса попаруваме со 2,5 дл жешка вода и по 30 мин. процедуваме. Се пие незасладено пред главните оброци, 10 дена, потоа се прави пауза.

Сладич

Сладич е билка со широко лековито делување! Бета-каротен и витамин Ц и Е се само некои од корисните состојки кои помагаат за превенција и лечење на полипи во бешика.    
Често се меша со други билки. Не се препорачува на особи со висок крвен притисок! 

Чичока кај Полипи во бешика

Помага исфрлање на штетни материи од организмот и елиминација на полипи, чисти и зајакнува крв, црн дроб и уринарен тракт. 1 лажиче иситнет корен од Чичока попаруваме со 2 дл жешка вода, по 40 мин. процедуваме. Се пијат 2 чаши чај на ден.

Зелен чај

Содржи Епигалокатехин, кој блокира ензими – предизвикувачи на полипи.  Се пијат 2-3 чаши чај на ден.

Други корисни билки се Кантарион, Коприва и коњско опавче.

Препораки за заштита на бешиката

Да се пие доволно вода, додека алкохол и кафе да се намалат. Да се регулира телесната тежина, масните наслаги на стомакот ја оптеретуваат бешиката. Да се регулира варењето – преголем напор при празнење на црева може да ги оштети мускулите на карличното дно, а тоа негативно влијае врз бешиката.

Урината не смее да се задржува предолго – така слабеат мускулите на бешиката. При мокрење е потребно да се опуштите за бешиката сосем да се испразни.

Природни рецепти за здравје на бешиката

Најпрепорачуван рецепт

Состојки:
50 гр исецкан Кантарион, 600 гр мед, 6 дл ладно цедено маслиново масло и сок од 3 лимона. Се тоа го ставаме во тегла од темно стакло. Се остава да одстои 8 дена на темно место, со секојдневно промешување.

По истек на 8 дена се процедува.

Употреба:
По 2 лажици наутро на гладно, потоа се легнува на десна страна и се опуштаме. Се останува во оваа положба 30-тина минути.

Потоа се пие чај од Руса трева (1/2 лажиче се прелева со 2 дл жешка вода), по 10 мин. се процедува и се пие. Може да се доручкува дури по половина час. Ова се прави секое утро, додека да се потроши целата смеса.

(текстот е превземен од списанието ,,Лековито Биље“).

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови