Кога зборуваме за полипи на желудник – не треба да ги занемарите!

Поради зголемена стапка на луѓе со рак на желудник, се препорачува редовен превентивен гастроскопски преглед. Доколку докторите кажат дека не е потребен оперативен зафат, лечењето се состои од користење на лекови, покрај кои можат да се конзумираат и природни помошни средства.

Опис – полипи на желудник

Во дигестивниот тракт некогаш доаѓа до формирање на добронамерни израстоци на слузокожата. Во огромен процент тие не се штетни, сепак, еден мал процент од нив се ризик да прераснат во малигни тумори.

Симптоми кај полипи на желудник

Често се случува да отсуствуваат симптоми или пак да се слични на гастритис, затоа мора да се утврди дијагноза со ендоскопски преглед. На полипи на желудник укажуваат мачнина, повраќање, горушица, подуеност, пролив, затвор… Болки можат да се јават при внес на храна. Во потешки случаеви има и крварење и мора да се оди итно на лекар.

Исхрана кај полипи на желудник

Прва препорака е хигиено-диететски режим т.е. промена на начин и вид на исхрана.

Треба да се избегнува полномасно млеко и млечни производи, пржена храна, мрсно месо и месни преработки – тие зголемуваат киселина во желудник, а тоа ја иритира слузокожата. Лошо делува често пиење алкохол и кафе, газирани пијалоци, никотин. Диетата е заснована на користење овошје и зеленчук, млечни производи со помала масленост, риба, квалитетни масла (маслиново,…).

Одлична помош е храна со висок процент на влакна – овошје и зеленчук, житарки како што се хељда, просо, ориз и лен. Лененото семе е богато со линолна киселина, која е одлична заштита на желудочна и црева слузокожа, забрзува процес на исцелување на оштетена слузокожа и намалува ризик од појава на полипи и карциноми! Лененото семе е природен пробиотик, ја регулира цревната флора!

Билки и храна која се препорачува

Алое – желатинската маса во лисјата на билката Алое е природен лек за многу тегоби. Одлично делува на целиот гастро-интестинален тракт. Има силни антивоспалителни својства и е добра помош при желудечни пореметувања и цревни болести. Алое регулира цревна микрофлора, елиминира токсини, штити слузокожа на желудник и црева и спречува штетно дејство на бактерии. Намалува иритација предизвикана од полипи.

Секој ден треба да се испијат по 2 супени лажици свеж гел од Алое!

Брусница – богата е со антиоксиданси (флавоноиди, антоцијанини, танини, катехини, фенолна киселина); богата е со витамин Ц и лечи воспаленија на уринарниот систем и системот за варење. Брусницата штити желудник од напад на патогени бактерии, а има и антиканцерогено дејство.

Превенира рак на желудник.

Капсаицин – зачинета и лута храна не е добра, но суплементи на база на Чили се корисни, содржат капсаицин! Тој смирува болки после оброк, подобрува циркулација (може да влијае во намалување на полипи) и функција на капилари.

Лук – ни лукот не го поднесуваат сите, но се покажал делотворен во лечење на полипи во желудник, а и во дебело црево. Анти-воспалителните и анти-бактериските својства доаѓаат од состојката Алицин.  Алицин го чисти целиот организам (заедно со другите состојки во лукот) од токсини и штетни микроорганизми, ублажува воспаленија, намалува полипи и обновува оштетена слузокожа на желудник. Најдобро е да се земат 2 малку згмечени чешниња лук и да се испијат со вода, секој ден. Може да се зема и во вид на капсули!

Чаеви кај полипи во желудник

  • 1 супена лажица Росопас прелеваме со 200 мл млака вода, стои цела ноќ, а наутро се процедува. Се пие пола саат пред доручек. Се пие цел месец, потоа се прави пауза од 10 дена и по потреба пак може да се повтори
  • Правиме смеса од по 50 гр Петровец, Камилица и Росопас, земаме 2 супени лажици смеса и ги попаруваме со 0,5 литри зовриена вода. По половина час процедуваме. Се пие поделено на две чаши во еден ден, пред јадење


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови