Полипи најчесто се доброќудни израстоци; Можат да бидат единечни (еден полип) или мултипни. Можат да бидат со различна големина од неколку mm па до големина на детска глава. 
Се отстрануваат хируршки, но тие можат повторно да израснат.   

Полипи и тумори на гласните жици, грло и јазик

Полипи на гласните жици се главно бенигни промени, како последица на хронични воспалителни или механички иритации на гласните жици. Доаѓа до пукање на капилари и до насобирање крв во слузницата на гласницата – тоа доведува до промуклост! Ако трае повеќе од 2 недели, тоа значи дека крвта не е ресорбувана и дека најверојатно дошло до формирање на полипи! Често ги добиваат пушачи, пеачи, водители…

Најдобра превенција, а и лек, е да се пие свеж сок од Морков – наутро и навечер. Одлично помага и 30 капки Прополис во 1 дл млака вода!!                     

За полипи во нос:

  • Мешаме 1 супена лажица ситно сецкан лист или корен од Сапунарка и 1/3 супена лажица ситно сецкан цвет од див Костен; стои 2 ч во 2 дл врела вода, процедуваме. Додаваме 12 капки 20-25 % Прополис. Секои 90 мин, во нос ставаме по 15 мин да стои тампон намокрен со овој чај!
  • Мешаме по 2 супени лажици Росопас и Камилица, се прелеваат со 0,5 л врела вода, по 45 мин. се процедува. Се цеди низ газа и се ушмркува во нос 5-6 пати во денот, 10 дена. По пауза од 10 дена, пак се повторува. Капки: се ставаат по 1-2 капки од лист Бршлен!
  • 200 гр. иглички бела Елка (Аbies alba) 30 мин. во 2 дл врела вода, се процедува. Се додава 1 супена лажица Хмељ и се става на шпорет да зоврие. Веднаш се трга и по 5 мин се процедува. Се пие во голтки цел ден, 3 дена, потоа пауза од 6 дена. Се пијат 6 вакви шољи во 1 месец!
  • 1 рака лешници со тврда лушпа се кршат и цели се варат во 3 дл вода додека да потемнат; се лади 40 мин. и се процедува. 2 месеца се пие по 1 чаша наутро и навечер.          
Слика: Бршлен; Slika: Bršlen
БРШЛЕН

Чаеви:  

  • 2 супени лажици цвет од црн Слез 30 мин. во 3 дл врела вода, процедуваме. Се прави гаргара – не се пие! Грлото надворешно се мачка со мелем од црн Слез. 
  • 2 супени лажици Ивањско цвеќе стои 1 сат во 0,5 л. врела вода; со чајот се плакне уста повеќе пати во денот!
  • Против полипи, крварење од непца, фистули и воспалени крајници; Се прави гаргара со чај од Коњско опавче, 10 пати на ден; во 2-2,5 дл врела вода 10 мин. стои 1 полно кафено лажиче Коњско опавче, се процедува.
  • Иста постапка како погоре, чај од Жалфија – се процедува, по 30 мин. се пие!!    
Слика: Ивањско цвеќе; Slika: Ivanjsko cvekje
ИВАЊСКО ЦВЕЌЕ

За промуклост: 

  • Во тенџере ставаме 200 гр. мед и 50 мл дестилирана вода; загреваме до вриење, додаваме 2 кафени лажици мелен Ѓумбир и 1 кафена лажица мелен бибер. Веднаш штом проврие, тргаме од рингла и оставаме да стои 5 мин. На крај ставаме 3 супени лажици сок од лимон и сето тоа се процедува низ ситно сито (не низ газа), и се чува во шише во фрижидер. Се пие по 1 супена лажица сабајле и навечер; ставаме и облога од марамче натопено во маслиново масло напрашено со малку мелен бибер. 
  • Полна дланка нелупен Овес прелеваме со 1 л. ладна вода; загреваме до вриење, ставаме 2 супени лажици семе од Анис и вариме уште 3-4 мин. Стои така 30 мин. да остине, додаваме 3 супени лажици мед. Се пие во голтки цел ден.   
Slika: Anis. Слика: Анис
АНИС

Инхалација

Во многу топла вода ставаме по неколку капки етерични масла од Камилица, Лаванда и Мента!     

Ракија за полипи во грло

1 супена лажица корен од билка Селен (Levisticum officinale) се мие, се сече ситно и се налева 0,5 л. појака ракија;  по 7 дена се налева уште 0,5 л. ракија. Не се процедува.
Се прави гаргара со ракијата 5-6 пати во денот, ракијата не смее да се голта!! 

Слика: Билка Селен; Slika: Bilka Selen
СЕЛЕН – БИЛКА


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови