Полицистични јајници се често ендокринолошко пореметување кај жени во фертилен период. Jајниците се најчесто зголемени и со бројни водени цисти.

Полицистични јајници – Најчести симптоми  

Изостанок и/или нередовен циклус, влакнетост, акни, инсулинска резистенција (намалена отпорност на инсулин), стерилитет, гојазност, зголемена концентрација на машки полни хормони, особено Тестостерон и изменети вредности на Естроген.

Дебелината зголемува ризик од инсулинска резистенција и други здравствени проблеми.

Научно е докажано дека намалување на телесна тежина од само 10-15% подобрува функцијата на јајници и процес на овулација! Циклусот станува редовен и зачнувањето е олеснето. Дури 70% случаевите на полицистични јајници за основа имаат инсулинската резистенција.

Отпорност на овој хормон (инсулин) настанува кога нивото на шеќер во крв е подолго време покачен. Ова може да биде од неправилна исхрана, метаболички пореметувања, стрес…

Ако нивото на Инсулин е подолго време висок, клетките можат постепено да изгубат способност на правилна реакција на него т.е. да станат резистентни. Така инсулинот може да предизвика раст и умножување на клетки во јајниците поради што се јавува хормонален дисбаланс и создавање на цисти!

Полицистични јајници – исхрана и физичка активност

Повеќето жени со инсуслинска резистенција се борат и со вишок килограми, најчесто наталожени на стомакот, слабините и бутините.

Овој проблем се решава со физичка активност, со храна со малку јаглени хидрати: интегрални житарки, свежо овошје и зеленчук, махунарки, имаат помал гликемиски индекс – помалку качуваат шеќер во крв и богати се со билни влакна (дневно барем 35 гр.).

Зеленчук без скроб; исто се препорачува (тиквица, домат, зелка, прокељ, целер, брокула, блитва, лук, краставица, спанаќ).

Овошје со помалку гликоза и фруктоза – да се избегнуваат банани, грозје, суво грозје, лубеници. Симптоми кај полицистични јајници ублажуваат јагоди, боровинки, малини, капини. Понизок гликемиски индекс имаат и грејпфрут, лимон, сливи, цреши, јабуки, круши.

Се препорачува Медитеранска диета, за доручек да се внесе 50% од дневниот внес на калории, ручек 35%, вечера 15%.

Кај жени со полицистични јајници често е зголемен машкиот полов хормон Андроген, со можна појава на влакнатост, подлабок глас, нередовен циклус… Во намалување на Андроген помага храна побогата со протеини.

Се избегнува црвено месо, месни преработки, да се намали внес на млеко (содржи Казеин – неповолно влијае на воспаленија – синдром на полицистични јајници е инфламаторна состојба!!).

Да се конзумираат добри маснотии: маслиново и ленено масло, орев, лешник, бразилски орев, фстаци, лосос, сардина, туна.

Полицистични јајници – Суплементација

Се препорачуваат и суплементи со Омега-3 масни киселини и витамин Е.

Slika: Omega-3 masni kiselini. Suplementi. Слика: Омега-3 масни киселини. Суплементи.
ОМЕГА-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ – СУПЛЕМЕНТИ

Полицистични јајници – Компликации

Може да дојде и до прскање на цистата, со ненадејна болка во долниот дел на стомакот, со мачнина, повраќање и опасност од изливање на содржината на цистата во абдоменот што може да доведе до опасна инфекција!

Претворање на циста во малигни тумор на јаници е реткост, најчесто кај жени во постари години. Вакви компликации бараат итна хируршка интервенција особе но за цисти поголеми од 5 см кои не се повлекуваат ни по лекување. Дермоидни и ендометриски цисти најчесто се третираат лапараскопски.

Полицистични јајници – Терапија

Висок процент на излекување дава терапија со еднофазни и двофазни контрацептивни таблети, со додаток на витамини А, Б1, Б6, Б-9, Ц, Е, К, Д, а помагаат и Магнезиум, Рибино масло, Хром, и Инозитол (го има во Б- комплекс, помага лекување на полицистични јајници, зголемува ефикасност на инсулин, регулира ниво на машки хормони и менструален циклус).

Цимет регулира менструален циклус и подобрува процесуирање на Инсулин и Гликоза. Се зима со малку млака вода. Одлично помага: 2 кафени лажици јаболков оцет во 1 дл млака вода 30 мин. пред оброк, регулира ниво на шеќер во крв, спречува хиперпродукција на Инсулин, намалува телесна тежина. 

Народна Медицина

Рецепт

загреваме 3 супени лажици морска сол и штом престане да прска додаваме 2 супени лажици вински оцет: смесата во ленена крпа се става на болно место (пред спиење).  

Чаеви

Смеса од по 20 гр. цвет Камилица и Бозел и 40 гр. Различок. 3 супени лажици смеса се вари 15 мин на тивко во 1 л. вода, оставаме 20 мин. и процедуваме. Се зема по 1 дл пред оброк.  

Слика; Растение Бозел. Slika: Rastenie Bozel
РАСТЕНИЕ БОЗЕЛ

Се препорачува и чај од Ајдучка трева и тампони од кантарионово масло накапани со Прополис!!

Пиење сок од млади зелени жита промовирал д-р Ен Вигмор во 70-те години на минатиот век, а поволни својства има и сок од листови на млада пченица како третман за хроничните болести. Тоа е одличен извор на аминокиселини и ензими. 

Специфичниот нутритивен состав во листовите од млада пченица обезбедува корисни ефекти врз кожата, косата и ноктите. Се смета дека имаат анти-канцерогени својства, а и ефект на детоксикација. Добра е за дигестија, превенција на болести на срцето и крвните садови.

Посебно се препорачува за имуно-компромитирани лица изложени на зголемена ментална и телесна активност, спортисти, по операција и за опоравок од болест, дијабетес и при нередовна и еднолична исхрана. Вкусот на сок од млада пченица може да ви изгледа необично, па може да се комбинира пченица со некои други овошја или со сок од зеленчук. Особено добро оди со сок од јаболко.

Почнувајќи со околу 3 гр. дневно (1 кафена лажица прав), а потоа постепено се зголемува износот на до околу 6 гр. на ден (2 кафени лажици прав). 

Сок од пченична трева и цвекло

Потребно е 50 гр. сок од пченична трева, сок од 1 цвекло, сок од 1/2 краставица.Направете сок од овие состојки во машина за мелење, помешајте ги и служете.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови